Магнетар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Магнетар е неутронска ѕвезда со екстремно моќно магнетно поле, чии сили се распаѓаат и емитуваат изобилно количество на високоенергетска електромагнетно зрачење, делумно рендгенски зраци и гама-зраци.[1] Теоријата во врска со овие небесни тела била предложена од физичарот Роберт Данкан и Кристофер Томпсон во 1992 година, а првата забележана експлозија на гама-зраци за која се смета дека доаѓа од магнетар е на 5 март 1979 година.[2] Во текот на наредната декада, хипотезата за магнетарите била нашироко прифатена.