МЛС
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мејџор Лига Сокер или МЛС (мак. Главна фудбалска лига) е професионална фудбалска лига во која учествуваат 20 клубови; 17 од САД и 3 од Канада.
Земја | САД |
---|---|
Останати клуб(ови) од | Канада (три клуба) |
Конфедерација | КОНКАКАФ |
Основана | 1993 |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | САД 1, Канада 1, |
Испаѓање во | нема |
Домашен куп | Куп на САД Канадско првенство |
Тековен првак | Портланд Тимберс (1.титула) (2015) |
Current Supporters' Shield | Њујорк Ред Булс (2.shield) (2015) |
Најмногу титули | Лос Анџелес Галакси (5 титули) |
Најмногу Supporters' Shields | Ди Си Јунајтед и Лос Анџелес Галакси (4 Supporters' Shields) |
ТВ партнери | ESPN |
Мрежно место | mlssoccer.com |
Трофеј | |
МЛС 2016 |
Лигата е поделена на две конференции: Источна (со 10 клуба) и Западна (10 клуба). По одигрувањето на 34 кола, најдобрите два клуба од секоја конференција се пласираат во разигрувањето за титулата, како и уште четири клубови од двете кондференции со најголем број бодови. Во првото коло се играат два натпревари, додека во конференциските финалиња и во МЛС финалето се игра само еден натпревар.
Тимот кој во регуларниот дел од сезоната ќе биде прв на табелата го освојува Supporters Shield трофејот, додека МЛС купот е наменет за победникот во финалето на плеј-офот.
Главната фудбалска лига е основана во 1993 година како дел од кандидатурата на САД за Светското првенство во фудбал. Првата сезона е одиграна во 1996 година и во неа учествувале 10 тима. Првенството се игра од март до ноември, каде секоја екипа игра по 34 натпревари.