друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Линус Гердеман (германски: Linus Gerdemann; р. 16 септември 1982 ) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2016, настапувајќи за повеќе различни екипи. Освоил етапа на Тур де Франс 2007 и го предводел генералниот пласман два дена, носејќи ја жолтата маичка.
Гердеман на Трката околу Германија 2006 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Линус Гердеман | ||
Роден | 16 септември 1982 Минстер, Германија | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2003 2004 | Винфикс-Техем Винфикс Арнолдс Зихерхајт | ||
Професионални клубови | |||
2005 2006–2008 2009–2010 2011–2012 2014 2015-2016 | Тим ЦСЦ Т-Мобајл Тим Тим Милрам Леопард Трек МТН Кубека Култ Енерџи Про Сајклинг | ||
Значајни победи | |||
|
Откако не успеал да најде договор за 2013 година,[1] Гердеман му се приклучил на МТН Кубека за сезоната 2014.[2] Во 2015 година возел за данско-луксембуршката професионална континентална екипа Калт Енерџи-Витал Вотер.[3]
На почетокот на 2017 година, Гердеман го објавил своето повлекување од трките.[4]
По настапот во аматерските екипи Тим Винфикс и Тим АКУД Арнолдс Зихерхајт, во 2005 станал професионален возач за Тим ЦСЦ по препорака на Јенс Фогт, потпишувајќи двегодишен договор. Во неговата прва година како професионалец, победил на седмата етапа на трката Тур де Свис и ја носел водечката маичка на Четири дена Динкерк.
На крајот на 2005 се согласил на договор со екипата Т-Мобајл Тим, почнувајќи од 2006. Ова се случило откако сопственикот на ЦСЦ Бјарн Рис го ослободил Гердеман од неговиот договор на крајот на 2005.
На 14 јули 2007 ја освоил својата најголема победа досега, седмата етапа на Тур де Франс. Етапата му ја донела жолтата маичка како предводник во генералниот пласман, како и белата маичка како предводник во пласманот за млад возач. Исто така ја добил и наградата за борбеност на таа етапа.
Во март 2008 се здобил со значајни повреди при пад на трката Тирено-Адријатико и не можел да се натпреварува на Тур де Франс 2008 и Летните олимписки игри 2008.[5] Се вратил на Трката околу Германија во август 2008.
Гердеман исто така победил на Трката околу Луксембург во 2011 и во 2015 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.