Линдзи Вон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Линдзи Керолин Вон (анг:Lindsey Caroline Vonn; родена на 18 октомври 1984 во Сент Пол, Минесота, САД) [1] е американска скијачка, олимписки шампион од 2010 година во спуст, победник на 4 светски купови во генерален пласман (2007/08, 2008/09, 2009/10[2] и 2011/12[3]) и двократен светски шампион.
Алпски скијач | ||||||||||||||||
Вон за време на натпреварите од светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари 2017 | ||||||||||||||||
Дисциплини | Спуст, Супервелеслалом, Велеслалом, Комбинација (и Слалом пред 2012) | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | Веил SSC | |||||||||||||||
Роден(а) | 18 октомври 1984(1984-10-18) (39 г.) Сент Пол, Минесота, САД | |||||||||||||||
Висина | 5 ст 8 ин (173 cм) | |||||||||||||||
Деби на Светскиот куп | 18 ноември 2000 (на 16 години) | |||||||||||||||
Пензиониран | 10 февруари 2019 (на 34 години) | |||||||||||||||
Мрежна страница | LindseyVonn.com | |||||||||||||||
Olympics | ||||||||||||||||
Екипи | 4 – (2002, 2006, 2010, 2018) | |||||||||||||||
Медали | 3 (1 gold) | |||||||||||||||
World Championships | ||||||||||||||||
Екипи | 7 – (2005–2019) | |||||||||||||||
Медали | 8 (2 gold) | |||||||||||||||
Светски куп | ||||||||||||||||
Сезони | 19 – (2001–2019) | |||||||||||||||
Победи | 82 – (43 СПУ, 28 СВС, 4 ВС, 2 СЛ, 5 АК) | |||||||||||||||
Подиуми | 137 – (66 СПУ, 46 СВС, 6 ВС, 5 СЛ, 13 АК, 1 ПСЛ) | |||||||||||||||
Севкупни титули | 4 – (2008–2010, 2012) | |||||||||||||||
Дисциплински титули | 16 – (8 СПУ, 5 СВС, 3 АК) | |||||||||||||||
Освоени медали
|
Вон е прва американка што освоила златен медал во спуст на Зимски олимписки игри.[4] Таа, исто така, има рекордни осум титули од Светскиот куп сезона во спуст (2008–2013, 2015, 2016), пет титули во супер-Џи (2009–2012, 2015) и три последователни титули во комбинација (2010–2012). Во 2016 година, го освоила својот 20-ти кристален глобус во Светскиот куп (со што го држи рекордот со најмногу освоени кристални глобуси(и во машка и во женска категорија)), и ја надминала Швеѓанката Ингемар Стенмарк, која освоила 19 глобуси од 1975 до 1984 година. Таа е на второто место во супер рангирањето на сите скијачи (мажи и жени).
Вон е една од шесте жени [5] кои победиле на трки од Светскиот куп во сите пет дисциплини во алпско скијање - спуст, супервелеслалом, велеслалом, слалом и супер комбинација - и победила на 82 трки од Светскиот куп. Со 82-те победи на Светскиот куп го држи рекордот во женска конкуренција, и ја надминала Анемари Мозер-Прол од Австрија, која го држела рекордот од 1970-тите. Повеќе победи во Светскиот куп има само Ингемар Стенмарк од Шведска со 86 победи. Со своите олимписки златни и бронзени медали, двата златни медали на Светското првенство во 2009 година (и трите сребрени медали во 2007 и 2011 година) и четири севкупни титули во Светскиот куп, Вон е една од најуспешните американски скијачки и се смета за една од најдобрите скијачки на сите времиња.[6]
Во 2010 година, Вон ја добила наградата Лауреус за спортистка на годината,[7] и била прогласена за спортистка на годината од Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави.[8]
Поради повреди Вон пропуштила дел од неколку сезони, меѓу кои и скоро целата сезона 2014 и поголемиот дел од сезоната 2013. Додека се опоравувала од повредата, работела како дописник за NBC News, на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Русија. Во 2019 година, објавила дека се пензионира поради повредите.