американска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Линда Марија Ронстат (англ. Linda Maria Ronstadt; родена на 15 јули 1946) ― американска пејачка која во текот на нејзината кариера пеела различни музички жанрови како: рок, кантри, оперети и латино-музика. Ја нарекувале „Прва дама на рокот“[3][4] и „Кралица на рокот“. Повеќето од албумите на Ронстат биле со златен, платинест или мултиплатинест тираж.[5][6] Со продадени преку 100 милиони плочи ширум светот[7] и со поставувањето рекорди како една од концертните изведувачи со најголема заработка во период подолг од една деценија, Ронстат била најуспешна пејачка во 1970-тите и се смета за една од најуспешните женски изведувачи во историјата на САД.
Линда Ронстат | |
---|---|
Линда Ронстат во 1976 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Линда Марија Ронстат[1] |
Роден(а) | 15 јули 1946 Тусон, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1965–2011 |
Издавачи |
|
Мреж. место | lindaronstadt.com |
Добила 11 Греми награди,[8] три Американски музички награди, две награди од Академијата за кантри музика, награда Еми и награда АЛМА. Таа, исто така, била номинирана за Тони и за Златен глобус. Во 2011 година, од Латинската академија на музички сниматели добила Греми-латино награда за животно дело, а во 2016 година добила и Греми награда за животно дело. Таа била примена во Куќата на славните на рокенролот во април 2014 година.[9] На 28 јули 2014 година, Ронстат била наградена со американскиот „Национален медал за уметност и хуманистички науки“.[10] Во 2019 година, заедно со Доли Партон и Емилу Харис добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд за нивната соработка како група за албумот Трио.[11][12] Во 2019 година, Ронстат била наградена со Признание од Кенедиевиот центар за нејзиното целокупно уметничко творештво.
Линда Ронстат е родена на 15 јули 1946 година во Тусон,[13] како трето од четирите деца на Гилберт Ронстат (1911 – 1995) [14] и Рут Мери Ронстат (1914 – 1982).[15]
По таткова страна имала германско потекло. Нејзиниот прадедо Фридрих Ронштат (подоцна се прекрстил во Фредерико Ронстат) од Хановер се преселил прво во Сонора, Мексико, а потоа и во југозападниот дел на САД (тогаш дел од Мексико). Таму се оженил со Мексиканка и на крај се преселил во Тусон.
Линда Ронстат кариерата ја започнала кон средината на 1960-тите во фолк-триото The Troubadour во Западен Холивуд. Со фолк групата The Stone Poneys, во 1967 година таа го имала нејзиниот прв хит Different Drum, напишан од Мајкл Несмит од Monkees. Нејзиниот прв соло-хит била кантри-рок-песната Long Long Time од 1970 година, но учествувала и во ораториумот (џез-опера) Escalator over the Hill со ансамблот на џез-пијанистката и композиторка Карла Бли. Ораториумот се снимал три години, а пробите се одржувале во домот на Ронстат во Лорел Кањон.[16][17]
Во периодот од 1970 до 1973 година, Ронстат објавила три албуми: два со Capitol Records: Silk Purse (1970) и Linda Ronstadt (1971) и еден со издавачката куќа Asylum Records, Don't Cry Now (1973). Развивајќи кантри-рок-звук сличен на Eagles, Ронстат во 1974 година го објавила албумот Heart Like a Wheel. Албумот бил продаден во 15 милиони примероци. Од албумот произлегле хитови, како што: When Will I Be Loved и You're No Good кои се искачиле на прво место на топ-листите. Heart Like a Wheel се смета за нејзин најуспешен албум. Нејзиниот деветти студиски албум Living in the USA (1978) бил нејзин послен албум кој се искачил на врвот на Билборд 200.
Ронстат станала прва женска „концертна“ рок-ѕвезда. Таа поставила рекорд како една од концертните изведувачи со најголема заработка во 1970-тите.[4][18][19][20] Ја нарекувале „Прва дама на рокот“[3][4] и „Кралица на рокот“, и била избрана за најдобра поп-пејачка од 1970-тите.[3] Нејзиниот рокенрол-имиџ бил подеднакво познат како и нејзината музика; таа шест пати се појавила на насловната страница на Rolling Stone и на насловните страници на Newsweek и Time. Во доцните 1970-ти, таа имала афера со Џери Браун, тогашен гувернер на Калифорнија. Таа имала топ 40-хит во 1978 година со преработката на песната од Ролинг Стоунс Tumbling Dice . Нејзиниот албум Canciones de mi padre потекнува од збирката песни на нејзината тетка Луиз, која објавила истоимена книга во 1930 година.[21]
Во 1980-тите, Ронстат настапила на Бродвеј и добила номинација за Тони за нејзината глума во Пиратите од Пензанс.[22] Во тоа време соработувала со композиторот Филип Глас, снимала традиционална музика и соработувала со диригентот Нелсон Ридл, настан кој во тоа време се сметал за оригинален и несекојдневен потег за рокенрол-музичар. Нејззиниот ризик вродил плод[23] и Ронштат и понатаму останала една од најпродаваните изведувачи во музичката индустрија во текот на 1980-тите. Нејзините албуми како: Mad Love; What's New; Canciones de Mi Padre; и Cry Like a Rainstorm, Howl Like the Wind биле продадени во мултиплатинест тираж. Албумот Canciones de Mi Padre, објавен кон крајот на 1987 година, бил нејзин прв албум со мексиканска традиционална маријачи-музика. Тој станал најпродаван албум на неанглиски јазик во историјата на американската музика, а Ронстат добила Греми за најдобар мексиканско/мексиканско-американски албум.
Во соработка со Емилу Харис и Доли Партон, кантри-албумот Трио бил создаден во 1987 година, по што следел албумот Трио II во 1999 година. За филмот Mambo Kings таа отпеала две песни аранжирани од Реј Сантос, кој потоа го аранжирал и нејзиниот албум Frenesi со латиноамерикански стандарди, кој во 1992 година освоил „Греми за најдобар тропски латино албум“. Таа продолжила со нејзините турнеи и да снима популарни албуми, како што се Winter Light и Hummin' to Myself, се до нејзиното пензионирање во 2011 година.[24]
Откако на концерт во Лас Вегас го поддржала режисерот и критичар на Буш, Мајкл Мур, таа била исвиркана. Таа го нарекла Мур „голем американски патриот“ и некој „кој ја шири вистината“. Таа ја повикала публиката во хотел-казиното Аладин да го гледа документарниот филм на Мур за претседателот Џорџ В. Буш, Фаренхајт 9/11. Некои од 4.500-те гледачи излегле од салата, а други ги скинале плакатите за концертот.
Ронстат давала политички коментари и во други случаи. Таа се изјаснила против депортацијата на илегалните мигранти назад во Мексико. Во 2010 година, учествувала во тужба против построгите правила за депортација планирани во Аризона.
Во август 2013 година, Ронстат објавила дека неколку години боледува од Паркинсонова болест и дека повеќе не може да пее. Таа ставила крај на нејзината музичка кариера. Сепак, Ронстат сè уште не е целосно повлечена од очите на јавноста. Нејзината автобиографија, Simple Dreams: A Musical Memoir, била објавена во септември 2013 година. По ова во септември 2019 година следел документарен филм за нејзиниот живот насловен Линда Ронстат: Звукот на мојот глас, кој ја освоил наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Провинтаун.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.