привидно колебливо движење на телата во орбита, гледани едно во однос на друго From Wikipedia, the free encyclopedia
Либрација (од латински: lībrātiō - „нишање“) — привидното колебливо движење на едно тело во орбита во однос на некое друго. Познати примери за либрација е колебањето на Месечината во однос на Земјата или она на тројанските астероиди во однос на планетите. Месечевата либрација е различна од малите промени во нејзината привидна величина гледана од Земјата. Иако појавата изгледа како нишање, истата е предизвикана од физичка промена во оддалеченоста на Месечината поради нејзината елиптичноста на нејзината орбита околу Земјата. Месечевата либрација настанува со следниве три појави.
Само една Месечева полутопка е свртена кон Земјата, што се должи на усогласеноста на вртењето. Затоа, обратната страна на Месечината сликана за првпат дури во 1959 г. со советската сонда „Луна 3“. Меѓутоа, треба да се напомене дека со време се прикажува повеќе од половина (59 %) од Месечината, должејќи се на либрацијата.[1]
Либрацијата се изразува како бавно клатење гледано од Земјата, давајќи малку поразлични погледи на површината во различни времиња.
Ова се трите вида на Месечева либрација:
Во 1772 г. Жозеф Луј Лагранж направил анализи со кои утврил дека малите тела можат стабилно да делат иста орбита со една планета ако се држат блиску до Лагранжовите точки, кои се 60° пред или зад планетата во нејзината орбита. Ваквите „тројански астероиди“ се најдени во иста орбита со Земјата, Јупитер, Марс и Нептун. Оние врзани со Земјата тешко се гледаат во видливиост спектар, бидејќи имаат такви либрации кои би биле видливи само на дневното небо. Меѓутоа, во 2010 г. по инфрацрвен пат е забележано дека астероидот 2010 TK7 е тројански придружник на Земјата; либрира околу водечката Лагражнова точка L4 во стабилна орбита.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.