Лесновски манастир
манастир во селото Лесново / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.
Кратки факти Информации, Целосно име ...
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Лесновски манастир |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XIV век |
Посветен на | Гаврил Лесновски |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Св. Архангел Михаил“ Параклис „Св. Наум Охридски“ Параклис „Св. Јован Крстител“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Црква „Свето Преображение“ Црква „Св. Илија“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Злетово, Општина Пробиштип Македонија |
Координати | 42°00′48″N 22°13′42″E |
Видливи остатоци | 6 цркви, конаци, гробови |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Злетовска парохија) |
Затвори