Левантско Море — назив за источниот дел на Средоземното Море.

Кратки факти Левантско Море, Подрачје ...
Левантско Море
Thumb
Карта на Левантското Море
ПодрачјеСредоземје
Координати34°N 34°E
Видморе
Затвори

Географија

Морето се граничи со Турција на север, Сирија, Либан, Израел и појасот Газа на исток, Египет и Либија на југ и Егејското Море на северозапад. На запад се граничи со морската шир на Средоземното Море (каде почнува да се нарекува Либиско Море) во линија од ’ртот Рас ел-Хилал (Либија) до островот Гавдос, јужно од Крит. Најголем остров во Левантското Море е Кипар. Најдлабоко место е Плиниевиот Ров со 4.384 м под морското ниво, сместена околу 80 км јужно од Крит. Морето зафаќа површина од 320.000 км2.

Северниот дел на морето помеѓу Кипар и Турција го носи името Киликиско Море. На север се протегаат два големи залива — Искендерунскиот (североисточно) и Анталискиот (северозападно).

Подводни котлини

Thumb
Опфат на Левантската Котлина

На ова подрачје, под поводната Левантската Котлина е сместено наоѓалиштето на земен гас „Левијатан“ во југоисточниот дел на Средоземното Море.[1][2]

Западно од Левантска Котлина лежи сливната котлина на Делтата на Нил, а потоа следува Херодотовиот Котлина, со површина од 130.000 км2 и длабочина од 3.200 м,[3] која е стара околу 340 милиони години и со тоа најстарата океанска кора на светот.[4]

Екологија

Со изградбата на Суецкиот Канал во 1869 г. направено е поврзување на Левантското со Црвеното Море. Бидејќи второспоменатото море е повисоко, каналот има улога на плимен проток преку кој водата од Црвеното Море се одлева во Средоземното. Црвеноморските видови со децении немале начин да се преселат во Средоземјето поради хиперсолените Горчливи Езера долж каналот; соленоста на езерата со време се изедначила со црвеноморската, па така денес се забележува постепена колонизација на црвеноморските растенија и животни во источното Средоземје. Овој процес е познат како Лесепсова преселба, наречен по Фердинанд де Лесепс, главен инженер на Суцекиот Канал.

Изградбата на големата Асуанска брана на реката Нил во 1960-тите го намалила дотокот на слатка вода и мил во Левантското Море. Со ова, морето станало посолено и малку посиромашно со хранливи материи, што предизвикало престанок на историски важниот риболов на сардини, но им дало предност на црвеноморските видови, кои се приспособени на посолената и посиромашна средина во Црвеното Море.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.