From Wikipedia, the free encyclopedia
Лас Вегас (англиски: Las Vegas) е најнаселениот град во сојузната држава Невада во Соединетите Држави, познат по коцкањето, шопингот, лукзусните вечери и забавата. Лас Вегас, кој се смета за „главниот град на светот за забава“ (англиски: The Entertainment Capital of the World), е познат по големиот број казина и забавни клубови. Лас Вегас е 28-от град според населеност во САД, со 558 383 жители во 2008 година. Проценетото население во целокупната област на Лас Вегас изнесува 1865 746 за 2008 година.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално станал град во 1911 година. Кон крајот на 20. век, Лас Вегас станал најнаселениот град во САД основан во тој век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, поради што е наречен „Град на гревовите“ (англиски: Sin Sity), а тоа го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител во САД. Градот изобилува со светлечки реклами, и доколку се набљудува од вселената тоа е најсветлиот град на планетата Земја.
Првата забележана посета во долината се случува во 1829, од страна на Рафаел Ривера (Raphael Rivera). Лас Вегас е именуван од страна на Шпанците во партијата на Антонио Армихо (Antonio Armijo), кој ја користел Владата од областа додека патуваа кон исток и запад од Тексас. Во 1800, областа на градот се наоѓале многу бунари со природна вода кои придонеле за одржувањето на многу зелени површини или ливади. Ливада на шпански се нарекува ВЕГАС па според тоа потекнува и името на таа долина.
Џон К.Фримонт (John C. Fremont) допатувал во долината на градот на 3 мај 1844, додека сè уште била дел од Мексико. Тој бил водач на група научници и набљудувачи. Но 10 мај 1855 година, по анексот од САД, Бригам Јанг (Brigham Joung) назначил 30 мисионери (Shuch od Jesus Shns of Latter-day Saint) на чело со Вилијам Брингхарст (Willam Brigharst) во областа за да ги претворат Индијанците Паиуте (Paiute Jndians) во Мормони. Била изградена и тврдина која служела како преноќувалиште за патниците. Меѓутоа, Мормоните го напуштиле Лас Вегас во 1857 година. Лас Вегасбил утврден како град на 15 мај 1905 година, кога 44,5 хектари поседувани од Сан Педро, Лос Анџелес и Солт Лејк (Solt Lake Railroau) биле споени во она што денес се нарекува долен дел на Лас Вегас.
Лас Вегас беше дел од округот Линколн сè до 1909, кога стана дел од новоутврдениот округ Кларк. Католичката црква е основана во 1910 година (St. John of Arc Catholic Church). Лас Вегас станал инкорпориран град на 6 март 1911 година, а Питер Бол е првиот градоначалник.
Лас Вегас како станица на западот, и се претворил во град во почетокот на 20 век. Бил собирна точка за сите рудници во околината посебно оние во околината на Балфорг (Bullfrog), кои ги товарале своите ископувања кон останатиот дел на земјата. завршувањето на Хавер Дам (Hoover Dan) во 1935 година резултирало со пораст на жителите и туризмот браната сместена на 48км југоисточно од градот, го формира езерото Мед (Lake Mead), најголемото езеро создадено од човекот, што истовремено е и резервоар. Денес, се нудат многу туристички тури до помалку познатите делови од браната. Легаризирањето на коцкањето во 1991 довело до развој на казино-хотелите, по кои е познат градот. Позначаен развој се случил во градот во 50-тите години од 20 век. Поголемиот број од казината биле управувани или поседувани од криминални фигури, како Бенџамин Багзи Сиепел (Benjamin Buhsy;; Siepel), Мејер Лански (Meyer Lansky) или други криминални лица од тој период. Коцкарската империја е предводена од Галвестин (Galveston), Тексас; Хот Спрингс (Hot Springs), Арканзас и многу други коцкарски центри од 50-тите години на 20 век.
Со пристигнувањето на Хајард Наџес (Howard Nadpes), кој купи многу од казино-хотелите и телевизиските станици во градот во градот, легитимни корпорации започнале исто така што откупуваат хотели во градот, со што криминалните фигури биле протерани од федералната власт. Иако приходите во градот се надминати од страна на Макао, Лас Вегас останува седна од најпосетените одредишта за забава во светот.
Лас Вегас е сместен во пустинската област во округот Кларк. Градот е опкружен со пустинска вегетација и жив свет. Градот е басен опкружен со суви планини, и се наоѓа на 620м над морското ниво. Планините Спринг (Spring Maountais) лежат на западот од градот. Природното опкружување е карпесто и прашлив.
Меѓутоа, во градот има многу дрвја, тревници и други растителни површини. Според бирото на САД (US Census Bureau), вкупната површина на Лас Вегас изнесува 340м2, од кои 339,8 м2 се копно, додека 0.62км2 се водна површина.
Врнежите од снег се ретки, но и возможни, како што е случајот од декември 2008 година. Лас Вегас има пустинска клима, типична за пустината Мохаве (Mojave Desert), во која е сместен. Градот ужива многу сончеви периоди, со просечно 300 сончеви денови годишно, со многу малку дождовни врнежи.
Летнинте месеци, од јуни до септември, се жешки и најчесто суви со температура од 340С до 400С преку ден, и од 210С од 260С во текот на ноќта; а поголемиот дел од денивите во јуни и август достигнуваат 380С, но со ниска влажност, често по 10%.
Зимите се кратки и топли, со дневни температури до 160С, кои во текот на ноќта паѓаат до 40С. Врнежи од снег има на планините околу градот, меѓутоа снегот е реткост во Лас Вегас. Меѓутоа, забележани се случаи на снежни врнежи во долината. Температурите паѓаат и до 00С, но краткот под нулата во текот на ноќта.
Населението во Лас Вегас е проценето на 1 865 746 жители, а регионот бележи најбрз пораст на бројот на населението во САД. Голем дел од новодоселените жители потекнуваат од Калифорнија. Според статистичките податоци од периодот од 2005 до 2007, белците се застапени од 70,8%, црнечкото население со 10,6%, индиските жители со 07,%, Азијците со 5%, а островјаните од Тихиот Океан со 0,4%. Поединци од други раси се застапени со 8,9%. Шпанците се застапени со 29,2% од вкупниот број на жители. Поединци од две или повеќе раси сочинувале 3,5%. во 2000 година, во Лас Вегас имало 478 434 жители, 176 750 домаќинства и 117 538 семејства. Густината изнесувала 1 630 на 1 км2. Густината на домаќинствата изнесувала 649,9 на 1 км2. Расната распоределба била: 69,86% белци; 10,36% црнечко население; 0,75% домородци; 4,78% Азијци; 0,45% островјани; 9,75% од останати раси и 4,05% од две или повеќе раси. Шпанците биле застапени со 23,61%.
Од 176 750 домаќинства, 31,9% имале деца помали од 18 години кои живееле со нив, 48,3% биле венчани парови кои живееле заедно, 12,2% биле самостојни домаќинства без присутен сопруг, а 33,5% биле во нефамилијарни односи. 25% биле домаќинства основани од поединци а 7,5% сочинувале домаќинства со поединци кои живееле сами и биле постари од 65 години.
Во градот населението било распределено со 25% помали од 18 години, 8,8% од 18 до 24 години, 32% од 25 до 44 години, 21,7% од 45 до 64 години и 11,6% постари од 65 години. Просечната возраст била 34 години. На секои 100 жени имало 103,3 мажи. На секои 100 жени на возраст од 18 години и повеќе имало 102,5 мажи.
Просечниот приход за едно домаќинство во градот била 53 000 долари, а просечниот приход за семејство бил 58 465 долари. Мажите имале 35 511 долари приход, наспроти 27 554 долари приход на жените. Приходите по глава на жител во градот изнесувал 22 000 долари. Околу 6,6% од семејствата и 8,9% од населението се сметале за сиромашни, вклучувајќи ги 5,4% од оние помлади од 18 години и 6,3% од оние постари од 65 години.
Лас Вегас има највисока стапка на самоубиства и разводи во САД. Едно истражување покажало дека помали се шансите 40% од жителите на градот да се самоубијат, доколку го напуштат Лас Вегас и дека веројатностите се двапати поголеми за посетителите кои доаѓаат да извршат самоубиство во градот или било каде. Овие податоци се објавени во 2000 година во весникот Лас Вегас Сан (Las Vegas Sun), со што биле прекинати долгогодишните табу теми за самоубиствата во Лас Вегас. Стапката на разводи не се должи на самите жители, туку на фактот дека во Невада полесно е да се добие развод, па многу луѓе доаѓаат од целата земја за да го олеснат тој процес.
Од слични причини, стапката на венчавки е највисок во Лас Вегас, со многу дозволи издадени на луѓе надвор од областа.
Главните економски сили во Лас Вегас се туризмот, игрите на среќа и конвенциите, кои ги потхрануваат индустриите на недвижнини и ресторани. Во градот се сместени седишатата на двете најголеми коцкарски компании Харас Ентертеинмент (Harrah`s Entertainment). Во градот се сместени и неколку компании кои се занимаваат со производство на електрични машини за игрите во казината, т.н. слот-машини (slot-machines). Во 2000 година недвижнините и рестораните станаа атракција. Промовирањето и маркетингот се управувани од управата на Лас Вегас за конвенција и посетители (Las Vegas Convention and Visitors Authority). Нјезините годишни анкети овозможуваат детални информации за бројот на жители, потрошувачка и приходи.
Константниот пораст на населението покажува дека градежната индустрија е од витална важност. Во 2000 години се купени повеќе од 21 000 нови домови и 26 000 веќе изградени домови. Во почетокот на 2005 година се започнати околу 20 проекти за развој на повеќе од 120 хектари. Во тој период Лас Вегас се смета за заедница со најбрз развиен процес. Меѓутоа, рецесијата во периодот од 2007 до 2009 година имаше свои влијанија врз развојот на градот.
Кога Мираж почна со работа, го продолжи трендот на понатамошен развој во источните реони. Ова резултирало во опаѓање на туризмот во долниот дел на градот, но многу проекти привлекуваат посетители во таа област.
Направени се многу напори од градските власти за да се развие економијата која се состоела само од туризам, со воведување на производството на светѕла, банкарството и други комерцијални интереси. Недостигот на државен и корпоративен данок на приход го поттикнаа успехот на овие напори.
Неодамна Лас Вегас доживеа огромен раст на населението и туризмот. Како одраз на брзиот раст на населението, во почетокот на 1990 година на Спринг Маунтаин Роуд (Sprint Mountain Road). Беше изграден нов Чајнатаун (Chinatown). Оваа констатација се состоела само од еден комплекс на шопинг-центри, но областа набрзо се проширила со многу шопинг-центри кои се управувани од азиски деловни организации.
Во почетокот на 1990, долниот дел од градот (кој го одржувал изгледот на стариот Лас Вегас) почнал да страда. Градските власти направиле огромни напори да ја променат среќата на таа област. Фримонт Стрит Експириенс (Fremont Street Experience) беше изграден со цел да се привлечат туристи во таа област и овој потег беше доста успешен. Со почетокот на рецесијата во 2008 година, многу од овие напори пропаднаа. Неонополис ги затвори 11 театри и скоро сите продавници. Многу проекти за подобрување на развојот се започнати, но една од најпрофитните згради Стримлајн Тауерс (Streamline Towers), западнаа под стечај. Во меѓувреме се појавија знаци кои ветувале. Градот направил многу успешни операции со што во стариот долен дел се отворила зграда во април, 2005 година. Овие чекори ветуваат создавање на поголема побарувачка за додатни бизниси во таа област посебно во текот на дневните часови.
Градот во 1995 година купил 25 хектари од имотот на Јунион Пацифик Реилројд (Union Pacific Railroad) со цел да привлече повеќе луѓе во стариот дел на Лас Вегас. Во 2004 година градоначалникот Оскар Гудман (Oscar Goodman) објави планови за паркот Симфони (Simphony Park), институтот Лу Руво Бреин (Lot Ruvo Brain Institute), кој е академски медицински центар, центарот Смит за уметнички изведби (Smith Center for the Performing Arts) и нов градски дом (City Hall). По прекинатите преговарања со компанијата Рилејтед (The Related co.), за развојот на Јунион парк (Union Park) во октомври 2005 година, како фирма за развој беше избрана Њуланд Комјунитиес (Vewland Communities) од Сан Диего. Договорите со Њуланд нагласуваат дека Ден Ван Еп (Dan Van Epp), вице претседателот од Њуланд и поранешниот директор на корпорацијата Хауарт Хаџес (Howard Hudpes Co.), треба да се заложи за доизградбата на Симфони Парк.
Институтот Лу Руво Бреин е завршен во 2009.
Заедно со изградбата на Симфони Парк, започнале и многу други процеси за развој на изградбите во стариот дел на Лас Вегас. Нови проекти за изградба на хотели и комплекси го измениле хоризонтот во градот. Се планираат и многу високобуџетни проекти за развој на стариот и новиот регион од Лас Вегас.
Во 2004 година, градот основал партнерство со Чита Вајрлес Технолоџис (Chaetah Wireless Technolopies) и Мешнетворк (MeshMetwork). Пилот-системот е инсталиран во стариот дел, околу Фримонт Стрит Експириенс. Во 2005 година, на површина од 247 000 м2 е отворен Светскиот пазарен центар (World Market Ceuter). Наменет е да претставува центар за големопродажба на мебел и маркет, и да конкурира со главниот маркет за мебел во Северна Каролина, Хај Поинт (High Point).
На 23 октомври 2006 година беше презентиран план за изградба на светскиот центар за накит (World Jewelry Center) во стариот дел од градот, поточно во Симфони Парк. Слично на Светскиот пазарен центар, Светскиот центар за накит е замислен да претставува центар за презентација на накит од сите делови од светот. Проектот предложува зграда висока 248 м, со 57 ката.
Најголеми атракции во Лас Вегас се казината. Најпознатите хотел-казина се сместени на Булеварот Лас Вегас во делот познат како Лас Вегас Стрип (Las Vegas Strip). Поголемите казина се сместени надвор од градот. Многу од овие хотели се масивни, со илјадници соби, со големи простории наменети за казина. Има многу хотел-казина и во стариот дел од градот, што претставуваше почетна точка во индустријата за игри и нејзините почетоци. Неколку големи хотели и казина се сместени во Лас вегас Стрип, како и во округот околу градот. Во 2009 година, вкупниот број на хотелски соби изнесувал преку 140 000.
Некои од најпознатите казина се сместени во Фримонт Стрит Експириенс, во стариот дел на градот.
Во Лас Вегас нема многу спортови од високата лига, иако населението е побројно од многу градови кои имаат такви тимови. Две поважни причини за ова се поради легалното спортско обложување и конкуренцијата. Во градот се наоѓаат два спортски тима од малата лига, безболската екипа Лас Вегас 51 (Las Vegas 51 s) од Пацифик Коуст Лиг (Pacific Coast Leaque) и хокејскиот тим Лас Вегас Вренглерс (Las Vegas Wrangles) од ЕЦХЛ (ECHL), подружница на Феникс Којотс (Phoenih Coyotes).
Во минатото имал свои тимови воканадската фудбалска лига, Екс-Еф-Ел (XFL), Ве-Бе-Ел (WBL) и лигата Арена Футбал (Arena Football Leaque). Постојат шпекулации дека завршувањето на новата арена се очекува да се случи во 2010 година (а денес не е означен датум за отворање) ќе донесе тимови од НБА и НХЛ (NBA, NHL). Се случиле и многу контакти и меѓу властите и Безболската лига, за трансфер на спортисти. Во зимата од 2004 година, се одржа познатата средба меѓу Флорида Марлинс (Florida Marlins) со градоначалникот Оскар Гурмат. Градот беше кандидат за да стане дом на Монтреал Експос (Montreal Expos), кој на крајот стана вашингтон Нешнелс (Washington Nationals). Градбата на нов стадион од јавните фондови беше пресудна за среќата на Вашингтон. Во Лас Вегас се одржаа зимските средби од 2008 година на безбол лигата (Major Leaque Baseball).
Успешно се одвивало домаќинствувањето на спортските настани од висок профил со ограничено времетраење. Лас Вегас беше домаќин на НБА ол-стар игрите (NBA All-Start Game). НАСКАР (NASCAR) спринт купот привлече 165 000 обожаватели. Лас Вегас е домаќин и на значајни професионални борби, пред сè мечеви во бокс. Многу од овие борби се одржуваат во близина на стариот дел или во Лос вегас Стрип во некои од поголемите центри. Манделеу Веј (Mandelay Bay) е еден од овие центри. Лас Вегас често се нарекува „Mека на боксувањето“ (The Mecca of boxing) име што често го дели со Медисон Сквер (Medison Square) во Њујорк. Во меѓувреме аматерската лига ММА Таф-ен-аф (Tuff-N-Uff) се натпреварува в Орлеанс (The Orleans). Од 1985, родеото (National Finals Rodeo) привлекува илјадници обожаватели во градот, а продолжувањето а продолжувањето на договорот е потишан во 2005, со што настанот ќе продолжи да се одржува до 2014 година. НБА Летната Лига во моментов се одржува во градот, а во 2008 година олимпискиот кошаркаски тим на САД тренираше во просториите на градот. Универзитето на Невада се натпреварува во првата дивизија на Н САА (NCAA Division I) во женски и машки спортови.
УНЛВ(UNLV) е член на Мајнтаин Вест Конференс (Mountain West Conference). Колеџот од Јужна Невада (College of Soutlern Nevada) има своја спортска програма, со значаен успех во безболот на универзитетско ниво во заедницата.
Има развиени спортски програми во многу средни училишта, со многу спортисти кои преминаа во поголемите тимови и изградија свои спортски кариери. Тука спаѓаат Андре Агаси (Andre Agassi), Грег Антони (Greg Antony), Маркус Бенкс (Marcus Banks), Стивен Џексон (Steven Jakson), Рајан Лудвиг (Ryan Ludwick), Грег Мадукс (Greg Maddux), Френк Мир (Fran Mir), Де Марко Муреј (De Marco Murray) и Рајан Рејнолдс (Ryan Reynolds).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.