From Wikipedia, the free encyclopedia
Реклама (од француски: réclame од латинското reclamo) — дел од комуникациската политика на маркетингот.
Во широка смисла на зборот, рекламата претставува определена форма на дејство врз определен поединец со употреба на средствата на комуникација сè со цел да се постигне определена претходно планирана цел. Во тесна смисла на зборот, рекламата претставува елемент на комуникацискиот систем на маркетингот чијашто крајна цел е продажба на определена стока или услуга.
Еден од најважните елементи на рекламата е начинот преку кој самата реклама ќе дојде до потрошувачите на рекламираното добро или услуга. Како средства кои се користат за рекламирање на определена стока или услуга се: телевизија, радио, вестници, списанија, видеоигри, интернет или билборд.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.