Куп на шампиони 1966/67
From Wikipedia, the free encyclopedia
Куп на шампиони 1966/67 — 12-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето е одиграно на 25 мај 1967 година на Националниот стадион во Лисабон, каде што Селтик со резултат 2:1 го победил Интер од Милано, кој го елиминирал бранителот на титулата Реал Мадрид во четвртфиналето, со тоа станувајќи првиот британски клуб којшто го освоил Купот на шампионите.
Кратки факти Податоци за купот, Датуми ...
Податоци за купот | |
---|---|
Датуми | 7 септември 1966 - 25 мај 1967 |
Екипи | 33 |
Финале | |
Шампиони | ![]() (1. титула) |
Вице-шампион | ![]() |
Статистики за купот | |
Најдобар стрелец(и) | ![]() |
Затвори
Шпанија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Реал Мадрид, освојувач на Купот од претходната сезона, се натпреварувал и Атлетико Мадрид, првак на Шпанија од претходната сезона.