From Wikipedia, the free encyclopedia
Културолошки студии е академска област на критичката теорија и книжевната критика првично воведена од страна на британските научници во 1964 г. и подоцна усвоена од соединети академици од целиот свет. Карактеристично интердисциплинарни, културолошките студии претставуваат академска дисциплина што им помага на културолозите кои теоретизираат околу силите со кои човештвото го гради својот секојдневен живот. Културолошките студии не се унифицирана теорија, туку различни области на студии кои опфаќаат многу различни пристапи, методи и академски перспективи. Културолошките студии се разликуваат по широчината, целта и методологијата од културната антропологија и етничките студии, и се фокусираат врз политичката динамика на современата култура и нејзините историски основи, конфликти и одлики кои ја дефинираат. Истражувачите повеќе се концентрираат на тоа како одреден медиум или порака се однесува на идеологијата, општествената класа, националноста, етничката припадност, сексуалноста и/или родот, отколку на обезбедување енциклопедиска идентификација, категоризација или дефиниција на одредена култура или област во светот.
Културолошките студии ги комбинират феминистичката теорија, социјалната теорија, политичката теорија, историјата, филозофијата, книжевната теорија, теоријата за медиумите, филмските студии, комуникациските студии, политичката економија, преведувачките студии, музејските студии и историја на уметноста/крититиката за да ги проучуваат културните феномени во различни општества. Така, културолошките студии се обидуваат да разберат како значењето се генерира, распространува и истакнува од социјалните, политички и економски сфери во рамките на дадена култура. Влијателните теории за културна хегемонија и факторите се појавија од движењето за културолошки студии, како и најновата теорија за комуникација, која се обидува да ги објасни културните сили зад глобализацијата. Исто така, во САД, Канада, Австралија, Јужна Африка и Италија се појавија единствени академски приоди кон културолошките студии.
Во текот на 80-тите години на минатиот век подемот на нео-либерализмот во Велика Британија и новиот конзервативизам во Америка, културолошките студии се соочија со критики и од надворешните политички и внатрешните академски сили, поради блискиот сојуз меѓу многу научници од полето на културолошките студии и марксистичката теорија, левичарска политика и перципираниот „триумфализам“, со други реномирани научници. Противење на културолошките студии се покажа најдраматично во 2002 г. со затворање на Центарот за современи културолошки студии (ЦСКС) на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. ЦСКС се смета за основачката академска програма за културолошките студии во светот, и беше затворен поради резултатот на Вежбата за оценување на истражувања од 2001 г., иницијатива отаната од времео кога британската владата беше предводена од Маргарет Тачер од 1986 г., којашто го одредува финансирањето за истражувањата за универзитетските програми. Додека голем број на притивници од 21. век продолжија да ја сметаат дисциплината како „нерелевантна“, оваа научна област има светско присуство што се состои од бројни годишни меѓународни конференции, академски програми, публикации, студенти и академици кои ја практикуваат, од Тајван до Амстердам, и од Бангалор до Санта Крус.
Терминот почна да го користи Ричард Хогарт во 1964 г., кога го основаше Центарот за современи културолошки студии (ЦСКС) во Бирмингем. Оттогаш стана цврсто поврзан со Стјуарт Хол, кој го наследи Хогарт како директор на центарот.
Од 1970 г. наваму, пионерска работа на Стјуарт Хол, заедно со неговите колеги Пол Вилис, Дик Хебриџ, Тони Џеферсон, Мајкл Грин и Ангела Мекроби, создаде меѓународно интелектуалното движење. Многу научници во облста на културолошките студии ја користеа марксистичката методи на анализа, и ги истражуваа односите помеѓу културните форми (надградбата) и оние на политичката економија (базата). До 70-тите години на минатиот век, политички импресивната британска работничка класа беше во пад. Производствената индустрија на Велика Британија исчезнуваше и листите на синдикатите се намалуваа. Сепак, милиони Британци од работничката класа го поддржаа доаѓањето на власт на Маргарет Тачер. За Стјуарт Хол и други марксистички теоретичари, ова поместување во лојалноста од Лабуристичката партија на Конзервативната партија беше антитеза на интересите на работничката класа и мораше да се објасни во однос на културната политика.
Со цел да ги разберат променливите политички околности на класата, политиката и културата во Обединетото Кралство, научниците од Центарот за современи културолошки студии се осврнале на делото на Антонио Грамши, политички активист и марксистички филозоф од 20-тите и 30-тите години на минатиот век. Грамши бил засегнат со слични прашања: зошто италијанските работници и селани би гласале за фашисти? Со други зборови, зошто работниците би гласале здруженијата да добијат поголема контрола и да си ги укинат сопствените права и слободи? Грамши го модификувал класичниот марксизам во сфаќањето на културата како клучен инструмент за политичка и социјална контрола. Во овој поглед, за да ја задржат контролата капиталистите користеле не само брутална сила (полиција, затвори, репресија, војска), туку и продирале во секојдневната култура на работниците. Според тоа, клучна за Грамши и за културолошките студии е културната хегемонија.
Скот Лаш вели:
Во делата на Хол, Хебдиџ и Мекроби, популарната култура дошла во прв план. Она што Грамши придонел за ова била важноста на согласност и култура. Ако фундаменталните марксисти гледале моќ во односите класа-наспроти-класа, тогаш Грамши ни го постави прашањето за класната Алијанса. Подемот на културолошките студии се темели на падот на важност на политиката класа-наспроти-класа.
Едгар и Сеџвик велат:
Теоријата на хегемонија беше од централно значење за развојот на британските културолошки студии [особено за Центарот за современи културолошки студии ]. Таа ги олеснува анализите на начините на кои подредените групи активно се спротивставуваат и реагираат на политичката и економска доминација. Потребно е на подредените групи да не се гледа само како на пасивни жртви на доминантната класа и нејзината идеологија.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.