Крал Артур
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралот Артур — легендарен британски водач од доцниот V и раниот VI век кој според средновековни извори ја предводел одбраната на романо-келтска Британија против саксонски освојувачи во раниот VI век. Деталите за приказната на Артур се во главно составени од фолклорни и литературна измислици, а неговото историско постоење е сè уште предмет на расправа помеѓу модерни историчари.[2] Ретката историска позадина на Артур е собрана од различни извори, вклучувајќи ги Annales Cambriae, Historia Brittonum, и ракописите на Гилда. Иако името на Артур се појавува и во порани поетски извори како Y Gododdin.[3]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/3b/Artus2.jpg)
Тоа што Артур денес важи за легендарна фигура од меѓународен интерес во главно се должи на книгата од XII век Historia Regum Britanniae (Историја за британските кралеви) на Галфрид Монмутски.[4] Сепак според некои велшки и бретонски приказни и поеми поврзани со приказната на Артур датираат од пред споменатото дело; во овие приказни Артур се појавува или како голем воин, штитеник на Британија од разни човечки и натприродни непријатели или како волшебна фигура од фолклорот, некогаш поврзуван со велшкиот „другсвет“, Анун.[5] Не е познато колку од Галфридовата Historia (завршена во 1138) се заснова на вакви порани извори, а колку од делото е само негова измисленост.
Иако темите, настаните и ликовите од легендата за Артур варираат од текст до текст, не постои една стандардна верзија, настаните од Галфридовата верзија често служат како почетна точка за останатите понатамошни приказни. Галфрид го опишува Артур како крал на Британија кој ги има победено Саксонците и формира имерија над Британија, Ирска, Исланд, Норвешка и Галија. Всушност многу елементи и настани, кои сега се составни делови од Артуровата приказна се појавуваат во делото на Галфрид, вклучувајќи ги: таткото на Артур, Утер Пендрагон, волшебникот Мерлин, жената на Артур Гвиневир, мечот Екскалибур, раѓањето на Артур во Тинтејџел, неговата последна битка против Мордред во Камлан и последниот одмор во Авалон. Францускиот писател од XII век, Кретjен де Троа, кој ги додава Ланселот и Светиот грал во приказната, го отпочнал жанрот на Артуровата романса кој станува значаен страк од средновековната литература. Во овие француски приказни, раскажувачкиот фокус често се пренесува од самиот Артур па сè до другите ликови, како што се Витезите од Округлата Маса. Артуровата литература се развива за време на средновековието, а избледува со тек на вековите сè додека не доживува големо оживување во XIX век. Во XXI век, легендата опстојува не само во литературата туку и во театарот, филмот, телевизијата, стриповите и сл.