Албрехт Дирер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer; Нирнберг, 21 мај 1471 – 6 април 1528 ) — германски сликар, дрворезец, графичар и математичар, исклучителен претставник на германската ренесанса. Најпознат е по неговите серијални дрворези како „Апокалипса“ (1498), два серијала за распетието на Христа, „Големото страдание“ (1498-1510) и „Малото страдание“ (1510-1511) како и многу поединечни графики како „Витез, Смртта и Ѓаволот“ (1513), „Свети Јероним во неговата работна соба“ (1514) и „Меланхолија I“ (1514). Неговото дело „Четирите јавачи на Апокалипсата'“ (1497-1498), дел од серијалот наречен „Апокалипса“ е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети.
Кратки факти Албрехт Дирер Albrecht Dürer, Роден(а) ...
Албрехт Дирер Albrecht Dürer | |
---|---|
„Автопортрет“ (1500) | |
Роден(а) | 21 мај 1471(1471-05-21) Нирнберг, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 6 април 1528(1528-04-06) (возр. 56) Нирнберг, Свето Римско Царство |
Националност | Германец |
Познат(а) по | графика, сликарство |
Значајни дела | „Витез, Смртта и Ѓаволот“ (1513) „Свети Јероним во неговата работна соба “ (1514) „Меланхолија I“ (1514) „Диреровиот носорог“ |
Правец | висока ренесанса |
Покровители | Максимилијан I |
Затвори