Костанте Џирарденго
велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Костанте Џирарденго (италијански: Costante Girardengo; 18 март 1893 — 9 февруари 1978 ) — италијански професионален друмски велосипедист, сметан од многумина за еден од најголемите возачи во велосипедизмот. Бил прв возач прогласен за „кампионисимо“ или „првак на прваците“ од италијанските медиуми и обожаватели. На врвот на славата во 1920-тите години бил поомилен од Бенито Мусолини и било наредено сите експресни возови да застануваат во неговиот роден град Нови Лигуре, почест обично доделувана на шефовите на државата.[1]
![]() Џирарденго | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Костанте Џирарденго | ||||||||||||||
Прекар | Кампионисимо бр. 1 | ||||||||||||||
Роден | 18 март 1893(1893-03-18) Нови Лигуре, ![]() | ||||||||||||||
Починал | 9 февруари 1978(1978-02-09) (возр. 84) Касано Спинола, ![]() | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
1912–1913 1914 1915–1918 1919–1921 1922 1923 1924 1925–1927 1928 1929–1932 1933 1934–1936 | Маино Аутомото-Континентал/Маино Бјанки Стуки Бјанки Маино/Гиртнер-Хатчинсон Маино Волфсит-Пирели Маино/Опел-Торпадо Маино Маино/Џирарденго-Клеман Маино | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Негови најголеми достигнувања се двете победи на Џиро д’Италија, шесте победи на Милано-Санремо, трите победи на Џиро ди Ломбардија; бил национален друмски првак девет пати. Неговата професионална кариера траела од 1912 до 1936 година и била прекината од Првата светска војна, која ги однела најдобрите години на Џирарденго. Бил број 1 во светски рамки во 1919, 1922, 1923, 1925 и 1926 година. Настапувал исклучиво на домашните трки како што било и обичај, бидејќи патувањето во странство било тешко.[1]