појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia
Коренот на стапалото (латински: tarsus) се состои од седум коски рапределени во два реда (заден и преден ред) и служи за поврзување на стапалото со подколеницата.
Корен на стапалото | |
---|---|
Коски од коренот на стапалото | |
Петна (зелен дел) и скочна коска (син дел). | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Tarsus, os calcaneum, os calcis |
MeSH | A02.835.232.043.300.710.300 |
FMA | FMA:24496 |
Во предниот ред се наоѓаат пет коски: коцкеста коска (латински: os cuboideum), чунеста коска (латински: os naviculare), а пред неа три клинести коски: медијална (латински: os cuneiforme mediale), средна (латински: os cuneiforme intermedium) и латерална (латински: os cuneiforme laterale).
Чунестата коска (латински: os naviculare) се наоѓа на медијалната страна од стапалото и се поврзува проксимално со скочната коска, дистално со трите клинести коски и странично со коцкестата коска. Осификацијата е последна кај чунестата коска и настанува до крајот на втората година кај девојчињата и почетокот на четвртата година кај момчињата.
Коцкестата коска (латински: os cuboideum) е една од седумте коски на стапалото и е прва коска од предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со латералната клинеста коска и со чунестата коска.
Медијалната внатрешна клинеста коска (латински: os cuneiforme mediale) се наоѓа на медијалната страна од стапалото се поврзува со коцкестата коска, средишната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел со чунестата коска.
Средната клинеста коска (латински: os cuneiforme intermedium) се поврзува со двете клинести коски (латерална клинеста коска и медијална клинеста коска), во долниот дел се поврзува со метатарзалните коски и во горниот ред се поврзува чунестата коска.
Латералната надворешна клинеста коска (латински: os cuneiforme laterale) е последна коска од коските во предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со средната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел се поврзува со чунестата коска.
Во задниот ред се наоѓаат две коски: скочна коска (латински: talus) и петна коска (латински: calcaneus).
Скочната коска (латински: talus) ја пренесува тежината од телото на сводот од стапалото, горниот дел наликува на макара и се зглобува со долната страна од тибијата и двата глужда.
Петната коска (латински: calcaneus) е најголема коска од коренот на стапалото, задниот слободен дел претставува петна џумка (латински: tuber calcanei) така што се припојува со Ахиловата тетива од триглавиот мускул на подколеницата.
Зглобовите во делот на коренот на стапалото овозможуваат поврзување на стапалото со тибијата и фибулата како и поврзување помеѓу самите коски:
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.