Копа Америка 1983
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1983, попознато како Копа Америка 1983 — 33-то издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал. По трет пат, првенството немало фиксен домакин, туку сите натпрњевари се играле во текот на три месеци во секоја земја која зела учество на турнирот. Турнирот траел од 10 август до 4 ноември 1983 година. На турнирот учествувале 10 репрезентации.
Копа Америка 1983 | |
---|---|
![]() XXXII Copa América 1983 | |
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 10 август — 4 ноември 1983 |
Екипи | 10 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 13 (во 13 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Шампион ![]() | ![]() |
Второ место ![]() | ![]() |
Трето место ![]() | ![]() |
Четврто место | ![]() |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 24 |
Постигнати голови | 55 (2.29 по натпревар) |
Гледачи | 1,119,738 (0 по натпревар) |
Голгетер | ![]() ![]() ![]() (по 3 гола) |
Најдобар играч | ![]() |
Парагвај, како актуелен шампион, не учествувал во групната фаза, туку директно се пласирал во завршната фаза од турнирот.
Турнирот бил освоен од страна на Уругвај кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Бразил. Перу го освоила третото место победувајќи ја репрезентацијата на Парагвај во натпреварот за третото место.[2].