Координатен систем
систем што ја опишува точната положба на една точка или друг геометриски елемент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Координатен систем — систем во геометријата што користи еден или повеќе броеви наречени координати за точно утврдување на положбата на некоја точка или друг геометриски елемент на некое многуобразие како што е Евклидовиот простор.[1][2] Редоследот на координатите е важен бидејќи често се утрдуваат по нивната положба во подредена кратност или по буква „координата x“. Во елементарната математика, координатите се сметаат за реални броеви, но можат да бидат и комплексни или елементи на поапстрактен систем како комутативен прстен. Координатите имаат важна примена, бидејќи овозможуваат геометриските проблеми да се преведат во бројчени и обратно. Ова е основата на аналитичката геометрија.[3]