поранешна држава From Wikipedia, the free encyclopedia
Кнежевство Нитра или Нитранско кнежевство (словачки: Nitrianske kniežatstvo, Nitriansko; унгарски: nyitrai fejedelemség[1][2][3][4]; познато и како Војводство Нитра, [5][6]) — словенска држава која била составена од група населби кои се појавиле во IX век околу градот Нитра во денешна Словачка. Неговата историја останува непозната[7] поради недостиг на современи извори. Статусот на територијата е предмет на научна дебата; некои современи историчари го опишуваат како самостојна држава која била припоена околу 833 или 870 година од Кнежевството Моравија, додека други велат дека била под влијание на соседните Словени од Моравија од нејзиното основање. Нема посебен список на принцови или војводите на Нитра, за кој се согласиле историчарите.
Денешната Словачка со векови била владеена од Германите, вклучувајќи ги Квадите и Лонгобардите или Ломбардите, кои биле тука до VI век.[8] Нова материјална култура карактеризирана со рачно грнчарство, кремирање и мали квадратни колиби, кои вообичаено имале печва се појавиле низ низините долж Дунав во тоа време.[9][6] Новата култура, со нејзината „спартанска и еднаква“ природа, силно се разликувала од пораната археолошка култура на Средна Европа.[10] Според Барфорд, извештај од византискиот историчар Прокопиј Кесариски е првиот познат навод за ранословенската група кои ја населувале денешната Словачка.[11] Прокопиј напишал дека избрканиот ломбардски принц Хилдигис собрал армија, „земајќи со себе не само Ломбарди кои го следеле, туку и многу Склавини“[12] во 540-тите години.[13][11]
Номадските Авари, кои пристигнале од евроазиските степи, ја нападнале Панонската Низина и ги потчиниле месните жители во втората половина на VI век.[14][15] Потоа, словенските групи ги населиле областите околу главните региони на Аварскиот каганат плаќајќи такса на Аварите.[16] Каганатот искусил низа внатрешни конфликти во 630-тите години.[17] Според Фредегаровата хроника, „Словените кои биле познати и како Венди“ се дигнале на бунт против Аварите и го избрале франкискиот трговец Само како нивен крал во почетокот на VII век.[18] Владеењето на Само, кој бил во северните или северозападните области на Панонската Низина, траело повеќе од три децении.[16][19][20] Завршило по смртта на владетелот и аварската контрола повторно се вратила во областа.[19]
Аварскиот каганат се распаднал околу 803 година како последица на неколку успешни воени борби започнати од Франките.[16][21] Падот на каганатот придонел кон издигнување на нови држави помеѓу Словените во областа.[21][22] Промената во политичката контрола била придружена во промените во воената стратегија и опрема. Според Курта се појавиле мечеви и други предмети[23] и развој на локална елита во областите северни од реката Дунав и Панонската Низина во почетокот на IX век.[22]
Остатоци на тврдина од IX век која покрива 12 хектари, староста не може да се одреди, била откопана во центарот на Нитра.[24] Биби пишува дека тврдината припаѓала на „големоморавскиот период“.[24] Според Штајнхибел, тврдината била именувана по реката Нитра, која тече под ридот на која се наоѓала самата тврдина.[25] Археолошките истражувања покажуваат дека населбата била населена од ковачи, златари и други занаетчии.[24] Голема мрежа на населби се појавила околу IX век.[26]
Главниот извор на информации за државата која денес е позната како Кнежевство Нитра е делото Преобразување на Баварците и Карантаните, документ создаден околу 870 година за промовирање на интересите Салцбуршката архиепископија во Панонија.[4][27][28] Ракописите наведуваат дека „Прибина“, кој бил „воден преку Дунав од Мојмир, војвода на Моравците“,[29] победнал во Радбор, Панонска марка (околу 833–856) во Источна Франкија околу 833 година.[3][30] Радбод го запознал со кралот Лудвиг Германски, кој наредил дека Прибина треба да биде „воведен во верата и крстен“.[29][31][32][33] Според реченица во три од единаесте зачувани ракописи на „Преобразувањето“, архиепископот Адалрам (в. 821–836) осветил црква за Прибина „на неговиот имот на место кај Дунав наречено Нитрава“[29] на непознат датум.[31] Современите историчари расправаат дали оваа реченица била дел од првобитниот текст или била само забелешка која се појавила во главниот текст во XII век.[34][35]
Според широко прифатената интерпретација на „Преобразувањето“, Прибина првично бил владетел на самостојна држава која се наоѓала во Нитра.[1][3][21][7][36] На пример, Барфорд пишува дека Прибина „веројатно бил принц на Нитра“.[37] Претпоставената држава на Прибина е опишана како „првата јасна словенска држава северно од средниот дек на Дунав“ од Лукачка.[5] Лукачка исто така вели дека Прибина имал придружба и дека повеќето негови членови „веројатно потекнуваат од поранешната племенска аристократија“, но некои од нив „може биле од слободниот народ“.[5] Рихард Марсина вели дека „не може недвосмислено да се одлучи дали Прибина бил принц на поголемо племе или на две или три помали здружени племиња“.[38] Додал и дека Прибина може да припаѓал на втората или третата генерација на владетели во државата, која се појавила во долините на реките Хрон, Нитра и Вах.[39]
Научниците кои пишуваат дека Прибина бил самостоен владетел исто така велат дека кнежевството било обединето со Морабија откако бил избркан од неговата татковина.[1][3][26][21][40][41] Киршбаум[3] и Штајнхибел[21] додаваат дека присилното обединување на двете кнежевства — Моравија на Мојмир и Нитра на Прибина — под водство на Мојмир довело до издигнување на Велика Морабија. Според Марсина, жителите на кнежевството на Прибина кои „дефинитивно биле свесни за нивната разлика од Моравските Словени“ ја зачувале својата „специфична свесност“ дури и во рамките на Велика Моравија, што придонело за развојот на наследниците на Словаците.[39]
Прибина не бил самостоен владетел, туку подреден на војводата Мојмир од Моравија, според Власто.[42] Вели дека обидите на Прибина да постигне самостојност довеле до негов егзил.[42] Идентификацијата на „Нитра“ со „Нитрава“ не е целосно прифатено од научниците.[43] Имре Боба и Чарлс Булас биле помеѓу научниците кои ја оспориле таа идентификација. Имре Боба вели, историчарот, Јоханес Авентиј, кој ја идентификувал Нитрава (доделени заедно со Брно и Оломоуц од Лудвиг Германски, според Авентиј) со Нитра, бидејќи Нитрава била во „Хунија или Аварија“, јужно од Баварија.[44] Исто така, вели дека латинскиот термин „locus Nitrava“ можеби не се однесува на град.[45] Според неговиот поглед, ниедно од современите имиња на Нитра не се развило од обликот „Нитрава“.[45] Јазичниот пристап на Боба не е во согласност со ономастичкото истражување што наведува дека Нитра била основен облик на името на местото, а „Нитрава“ е само второ име; обете форми биле забележани веќе во IX век.[46][47][48] Чешкиот историчар Душан Тшештик, кој вели дека поврзаноста на Нитра со Нитрава не може да се оспори, пишувајќи дека подоцнежната форма се развила од името на реката Нитра, што се совпаѓа со системот на индоевропски топоними; други реки со слични имиња не се познати.[49] Чарлс Булас исто така ја отфрла идентификацијата на Нитрава со Нитра, бидејќи подоцнежниот град бил припоен од Моравија во текот на владеењето на Сватоплус, години по исфрлањето на Прибина, според писмо на архиепископот Дитмар и неговите подредени напишано околу 900 година.[50] Според Тшештик, содржината на писмот може да биде објаснета како прифатлива грешка на неговите преведувачи, кои знаеле дека територијата во минатото била одвоена од Моравија.[51]
Дел од темата Словачка |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Среден век |
Кралство Унгарија |
Чехословачка |
Словачка република |
Модерна Словачка |
Словачко востание |
Портал:Словачка |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.