Класични градини во Суџоу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класични градини во Суџоу — група градини во градот Суџоу, Џјиангсу, Кина, кои се запишани во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Долготрајната градина во Суџоу | |
Место | Суџоу, Џјиангсу, Кина |
Критериум | културно: (i)(ii)(iii)(iv)(v) |
Навод | 813bis |
Запис | 1997 (XXI заседание) |
Дополнувања | 2000 |
Површина | 11,922 ха |
Преоден појас | 26,839 ха |
Координати | 31°19′N 120°27′E |
Опфаќајќи период од речиси илјада години, од династијата северен Сунг до доцните династии Чјинг (11-19 век), овие градини, главно изградени од учени, стандардизирале бројни клучни одлики на класичнот кинеско обликување градини со конструиран крајолик кој го подражава природниот крајолик од карпи, ридови и реки со стратешки поставени павилјони и пагоди.[1]
Елегантната естетика и суптилноста на градините на овие учени и нивниот нежен стил и карактеристики често се имитираат од различни градини во други делови на Кина, вклучувајќи ги и разните царски градини како оние во планинското одморалиште Ченгду. [2] Според УНЕСКО, градините во Суџоу „го претставуваат развојот на кинеското обликување на пределни градини во текот на повеќе од две илјади години“[3] и се „најсофистициран облик“ на градинарската уметност.
Својот процут, овие пределни градини, го доживеале од средината на династијата Минг до раното време на династијата Ќинг, што резултирало со дури 200 приватни градини. Денес има 69 зачувани градини во Суџоу и сите се означени како заштитено „национално наследство“.[4] УНЕСКО, во 1997 и 2000 година, избрал осум најубави градини од Суџоу, заедно со една во блискиот древен град Тонгли, како места на светско наследство што ја претставуваат уметноста на класичните градини во стилот на Суџоу.
Познати творци на градини во Суџоу се Џанг Љанг, Џи Ченг, Ге Ѓуљанг и Чен Цунгџоу.