From Wikipedia, the free encyclopedia
Киселец (науч. Rumex acetosa) — повеќегодишно ливадско растение што му припаѓа на семејството на троскотите (Polygonaceae).
Киселец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Каранфилоцветни |
Семејство: | Троскоти |
Род: | Киселци |
Вид: | Киселец |
Научен назив | |
Rumex acetosa L. | |
Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени корени во земјата. Листовите му се со издолжена форма, а стеблото е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Листовите се благо зашилени, со многу долги дршки и наизменично прираснати за стеблото. На врвот од растението има мали цветови во облик на црвеникаво обоени метлички. Се развиваат од мај до јули, а понекогаш после косење, по вторпат во есен.
Киселецот има потекло од Европа[1] и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со трева. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.
За исхрана се користат пролетните листови што поблиску до земјата, кои се темнозелени и сочни. Обично се со должина од 7 до 15 см. Најдобро е да се берат кога стеблото сè уште не е целосно развиено (март-мај). Може да се берат и во есен. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус. Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија.
Иако има многу пријатен вкус, во прехранбената вредност тој заостанува зад повеќето други растенија од семејството на троскотите. Неговите листови содржат оксална киселина, главно поврзани во форма на калиум нитрат. Затоа, не се препорачува честото земање киселец, особено не во големи количини, особено за лицата кои се сколни кон создавањето камења во бубрезите. Листовите содржат 40-80% mg витамин Ц, а околу 5 мг% каротин.
Листови слични на листовите на киселец има едно многу отровно растение, козлец (лат. Arum maculatum L). Листовите на козлецот, коишто се појавуваат во рана пролет, додека сè уште се мали можат да ги измамат само неискусните собирачи на треви, бидејќи, иако според контурите се слични на киселецот, тие имаат сосема друга боја и конзистенција. Во случај на сомневање на оваа разлика, не треба да се испробува вкусот на листовите, бидејќи отровните листови на козлецот предизвикуваат силно печење, потекувања и воспаление на слузницата на устата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.