Киностудио Довженко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Киностудио „Довженко“ (украински: Національна кіностудія художніх фільмів імені О. Довженка, Национално киностудио за уметнички филмови „О. Довженко“) — киностудио што се наоѓа во Киев, Украина.
Кратки факти Вид, Дејност ...
Вид | државно претпријатие |
---|---|
Дејност | филмска |
Основано | 1927 |
Седиште | Киев, Украина |
Клучни личности | Игор Ставчански (ид) |
Производи | филмови |
Мреж. место | dovzhenkofilm |
Затвори
Наречено е во чест на истакнатиот украински и советски режисер и продуцент Александар Довженко (1894-1956), а основано е во 1957 г. под денешното име. Во 2000 г., добило статус на национално студио, а до 1991 било дел од Советското киностудио.
Историјата на денешното киностудио започнала во 1920 г, кога украинската киноуправа објавила конкурс за изградба на кинопретпријатие до 1925 г. Од пријавените дваесетина кандидати, бил избран проектот на Валериј Риков. По неговата изградба, студиото станало најголемо во Украина.