![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/23/The_Great_Wall_of_China_at_Jinshanling-edit.jpg/640px-The_Great_Wall_of_China_at_Jinshanling-edit.jpg&w=640&q=50)
Кинески ѕид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинески Ѕид (трад. кин. 萬里長城, прост кин. 万里长城, Уанли Чангченг, бук. „10 илјади милји долг ѕид“) — низа на утврдувања кои биле изградени врз историските северни граници на античките кинески држави и Империјална Кина како заштита од разни номадски групи од евроазиската степа. Неколку ѕидови биле изградени уште во VII век п.н.е.,[2] што подоцна биле споени меѓусебе од Ќин Ше Хуанг (220–206 г.п.н.е.), првиот император на Кина. Слабо е зачуван овој ѕид на Ќин.[3] Подоцна, многу последователни династии изградиле и одржувале повеќе протегачки погранични ѕидови. Најпознатите делови на ѕидот биле изградени од династијата Минг (1368–1644 г.).
Кинески Ѕид | |
---|---|
萬里長城 / 万里长城 | |
![]() Дел од Ѕидот граден од династијата Минг кај Џиншанлинг. | |
![]() Карта на сите ѕидови конструкции. | |
Општи податоци | |
Вид | Утврдување |
Земја | Кина |
Координати | 40.68° СГШ; 117.23° ИГД / 40.68; 117.23 |
Технички податоци | |
Големина | 21,196 kм (13,171 ми)[1] |
Службен назив: Големиот Ѕид | |
Тип: | Културен |
Критериуми: | I, II, III, IV, VI |
Прогласено: | 1987 г. |
Број | 438 |
Државно: | Кина |
Регион: | Азиско-тихоокеански |
Кинески ѕид
| |||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Традиционално | 長城 | ||||||||||||||||||||||
Упростено | 长城 | ||||||||||||||||||||||
Буквално: | „Долгиот Ѕид“ | ||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
друг кинески назив | |||||||||||||||||||||||
Традиционално | 萬里長城 | ||||||||||||||||||||||
Упростено | 万里长城 | ||||||||||||||||||||||
Буквално: | „10,000-Ли долг Ѕид“ | ||||||||||||||||||||||
|
Освен одбраната, другите цели на Кинескиот ѕид биле граничните контроли, што им дозволило да наметнат давачки за стоката што се превезувала по Патот на свилата, регулирање или поттикнување на трговијата, и контрола на имиграцијата и иселувањето.[4] Понатаму, одбранбените одлики на ѕидот биле подобрени со изградбата на набљудувачници (караули), касарни за војска, гарнизонски станици, сигнални простори за комуникација преку чад или оган, и простиот факт дека патеката на Кинескиот ѕид служела и како коридор за транспорт.
Пограничните ѕидови изградени од различните династии имаат повеќе текови. Заедно, тие се протегаат од полуостровот Љаодунг на исток до езерото Лоп на запад, од денешната кинеско-руска граница на север до реката Тао (Таохе) на југ; партикуларно по должината на замислен лак што грубо ја исцртува границата на монголската степа. Сеопфатно археолошко истражување, користејќи напредни технологии, заклучило дека ѕидовите изградени од династијата Минг се со должина од 8,650 км. Оваа должина е составена од 6,259 км изграден ѕид, 359 км составени од ровови и 2,232 км од природни одбранбени бариери како ридови и реки.[5] Друго археолошко истражување открило дека сиот ѕид, вклучувајќи ги сите негови гранки е долг 21,196 км.[6] Денес, одбранбениот систем на Кинескиот ѕид е генерално признат како еден од најимпресивните архитектонски подвизи во историјата.[7]