![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/99/Kate_Winslet_at_The_Dressmaker_event_TIFF_%2528headshot%2529.jpg/640px-Kate_Winslet_at_The_Dressmaker_event_TIFF_%2528headshot%2529.jpg&w=640&q=50)
Кејт Винслет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кејт Елизабет Винслет, ЗБИ (родена на 5 октомври 1975 г.),[1] — англиска глумица.
Кејт Винслет ЗБИ | |
---|---|
![]() Винслет на премиерата на Шивачката во Торонто во 2015 година | |
Роден(а) | Кејт Елизабет Винслет 5 октомври 1975(1975-10-05) (48 г.) Рединг, Англија |
Занимање |
|
Активен период | 1991–сè уште |
Сопружник | Џим Триплтон (в .1998; раз. 2001) Сем Мендиз (в .2003; раз. 2011) Нед Рокенрол (в. 2012) |
Деца | 3 (два сина и ќерка) |
Таа е примател на Оскар, Еми награда, четири Златни глобуси, Греми награда, БИФА награда и три БАФТА награди. Таа седум пати била номинирана за Оскар, и е една од ретките глумици добитник на три од големите четири американски награди (Оскар, Еми, Греми или Тони награда).[2][3] Покрај тоа, таа трипати била добитник на наградата на здружението на филмски глумци и е добитник на почесна награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања во 2012 година.
Израсната во Беркшир, Винслет студирала глума уште од детството, и ја започнала својата кариера на британската телевизија во 1991 година. Своето филмско деби таа го имала во трилерот Небесни суштества (1994), за која добила пофалби. Таа добила признание за нејзината споредна улога во драмата Разум и чувства (1995) пред да стекне светска слава со епската романса Титаник (1997), кој бил филм со највисока заработувачка на сите времиња во тој момент.[4] Изведбите на Винслет во Ајрис (2001), Вечниот сјај на беспрекорниот ум (2004), Барајќи ја Недојдија (2004), Мали деца (2006), Револуционерен пат (2008), Шивачката (2015) и Стив Џобс (2015) продолжиле да привлекуваат пофалби од филмските критичари. Во 2008 година, критичарот Дејвид Еделстајн ја опишал неа како „најдобрата филмска глумица од англиско говорно подрачје на нејзината генерација“.[5]
Винслет добила Оскар за најдобра глумица за нејзината улога во романтичната драма Читачот (2008) и Еми награда за изведбата во минисеријалот Милдред Пирс (2011). Најголем комерцијален успех по Титаник, таа постигнала со романтичната комедија Одмор (2006), анимираниот филм Збришан (2006), и првите два филма од серијалот Различна.
Винслет била назначена за Заповедник на Редот на Британската Империја (ЗБИ) во 2012 година за нејзините заслуги кон глумата.[6][7] Таа добила ѕвезда на холивудската патека на славните на 17 март 2014 година.[8][9][10]