Кевин Спејси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кевин Спејси е американски глумец и филмски продуцент. Роден е во Њу Џерси, а израснал во Калифорнија. Глумечката кариера ја започнал во раните 80-ти години на минатиот век, а со јавна популарност се здобил во наредната декада. Добитник е и на две награди Оскар, и тоа за најдобар глумец во споредна улога за филмот Дежурни виновници (1996) и за најдобра главна ролја во култното остварување Американска убавина (1999).[1]