Квадрат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квадрат — рамна геометриска фигура со четири еднакви страни и четири прави агли.[1][2]
- Формално, квадрат се дефинира како паралелограм со две соседни складни страни и еден внатрешен прав агол.
- квадрат е паралелограм според дефиниција, па следува дека спротивни страни и агли се складни, а соседни агли се суплементни. (Види паралелограм.)
- квадрат е ромб бидејќи две соседни складни страни значи 4-те страни се складни. (Види ромб.)
- квадрат е правоаголник бидејќи еден внатрешен прав агол значи 4-те внатрешни агли се по 90°. (Види правоаголник.)
- Квадрат е правилен многуаголник бидејќи сите 4 страни се складни (рамностран) и сите 4 агли се складни (рамноаголен).
Кратки факти Квадрат, Вид ...
Квадрат | |
---|---|
Правилен четириаголник | |
Вид | правилен многуаголник |
Рабови и темиња | 4 |
Шлефлиев симбол | {4} |
Коксетер–Динкинови дијаграми | |
Група на симетрија | диедарска (D4), ред 2×4 |
Внатрешен агол | 90° |
Својства | испакнат, впишан, рамностран, изогонален, изотоксален |
Затвори
Основна регулатива: Квадрат е потполно определeн со должината на страна. Исто така, квадрат е потполно определен со должината на дијагоналата.