Картографска проекција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Картографска проекција — збир на математички постапки за пресликување на површината на Земјата или нејзин дел на рамнина. При проектирањето може да се појават деформации на површините, линиите и аглите. Според карактерот на деформации, проекциите може да бидат: конформни, еквивалентни и произволни.