Кабелско семрежје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кабелско семјрежје (кабелски интернет) — достава на семрежјето преку коаксијален кабел односно преку радиочестота. Предноста е во тоа што додека користиме кабелско семрежје телефонската линија ни е слободна. Исто така, брзината на пренос на податоци е поголема од бирачка врска (dial-up) и ISDN, а нуди поголема стабилност од безжичните технологии.
Историски гледано, семрежниот пристап беше возможен преку телефонска линија, како медиум на пренос, со користење на бирачки модем. Како што растеше побарувачката за побрз пристап, се развиваа поновите технологии како што е семрежниот пристап преку мрежа на кабелска телевизија. Тоа овозможува да се добие до неколкупати побрз семрежен пристап отколку со бирачки модем. Кабелското семрежје се пренесува преку истите HFC (hybrid fiber-coax) мрежи преку кои се пренесува кабелската телевизија. Во HFC мрежите, телевизискиот кабел (коаксијален кабел) се користи внатре во соседствата, а оптичките влакна ги поврзуваат соседствата со централните објекти.[1]