Исусовци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дружбата Исусова или Исусовците (лат. Societas Jesu, SJ или SI), а некаде и Езуити е католички црковен ред, основан од Игнатиј Лојолски во Париз во 1534 година[2]. Основното мото на редот е Ad majorem Dei gloriam („За поголема Божја слава“). Членовите на редот често се нарекувале и Исусови војници за време на појавата на протестантството во Европа, кога Исусовците биле формирани во служба на Противреформацијата. Исусовците се под директна надлежност на Папата, а а исто така има и Генерален Приор (Генерален надзорник), кој директно раководи со Редот. Сегашниот Генерален Приор на заедницата е Адолфо Николас.
Кратенка | SJ, Jesuits |
---|---|
Гесло | Ad majorem Dei gloriam |
Основана | август 15, 1534; пред 489 години (1534-08-15) |
Вид | Католички религиозен орден |
Седиште | Church of the Gesu (Mother Church), General Curia (administration) |
Место | Rome, Italy |
Координати | 41°54′4.9″N 12°27′38.2″E |
Генерален секретар на Друштвото на Исус | Адолфо Николас |
Клучни лица | Игнатиј Лојолски — основач |
Главно тело | Генерал Курија |
Вработени | 4018 [1] |
Мреж. место | www.sjweb.info |
Овој црковен ред денес брои околу 20.000 членови и е најброен католички ред во светот. Припадници на Редот можат да бидат само мажи. Редот има и околу 150 членови на просторот на Балканскиот Полуостров. Во Македонија свештениците исусовци служат во католичката жупна катедрала на Скопската бискупија „Пресвето Срце Исусово“ и во придружната катедрала на битолската жупа во Охрид „Свети Кирил и Методиј и Свети Бенедикт“.