From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на чоколадото запонува во Мезоамерика. Чоколадото, ферментираните, печените и мелени зрна од какаото Теоброма може да се најдат во Мокаја и кај други луѓе од пред-Олмек, со докази за постоење на какао напитоци уште од 1900 години п.н.е. Потеклото на зборот „чоколадо“ најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, наватл и во македонскиот јазик влегол преку шпанскиот.
Чоколадото доаѓа од ферментираните, печените и мелените зрна од какото кои се добиваат од зимзеленото дрво Теоброма. Зборот „чоколадо“, потекнува од јазикот наватл на Ацтеките. Зборот xocolatl, значи „горчлива вода“. Претколумбовските луѓе од Северна и Јужна Америка, пиеле чоколадо помешано со ванила, пченка, чили (како зачин) и achiote-(грмушка или мало дрво од тропскиот регион во Америка). Како и современите Мексиканци, така и Ацтеките развиле разновидна храна од чоколадо. Користејќи ги рецептите, кои се пренесуваат од генерација на генерација, Мексиканците го вклучувале чоколадото во многу од нивните оброци и не го употребувале само како десерт.
Европејците го засладувале додавајќи шеќер и млеко, за да направат цврсто чоколадо создавајќи ја современата табла од чоколадо. Иако потеклото на какаото е од Америка, денеска Западна Африка произведува речиси две третини од светското какао, а Брегот на Слоновата Коска произведува околу половина од тоа. Денеска чоколадото е еден од најпознатите и најпрепознатливите вкусови во светот. Постојат многу јадења кои содржат чоколадо како штп се: табли од чоколадо, бонбони, сладолед, колачиња, пити, чоколадна крема, напитоци и други десерти.
Одгледувањето, користењето и културната обрработка на какото се одвиваа рано и беа распространети во Мезоамерика. Во археолошките наоаѓалишта, кои датираат од Раниот Формативен период (1900-900 г. п.н.е.)[1] беа пронајдени керамички садови со остатоци од подготовка на какао напитоци. На пример, еден таков сад кој беше најден во археолошкото наоаѓалиште кај Олмек, на Заливниот брег во Веракрус, Мексико, ја покажува подготовката на какао од луѓето пред-Олмек, уште од 1750 година п.н.е. На брегот на Тихиот Океан во Чијапас, Мексико, археолошкото наоаѓалиште Мокаја има докази за какао напитоци, кои датираат уште порано, од 1900 гофина п.н.е. Маите и нивните предци во Мезоамерика го земале дрвото од прашумите и го одгледувале во нивните дворови, каде ги собирале, распалувале, печеле и ги мелеле претворајќи ги во тесто. Кога се меша со вода, чили, пченкарно брашно и други состојки, ова тесто создава пенлив и зачинет чоколаден напиток. До 1400 година п.н.е. Империјата на Ацтеките освоила поголем дел од Мезоамерика, Ацтеките тргувале какао со Маите и други луѓе и често имале потреба граѓаните и другите освоени луѓе да плаќаат данок со семиња од какао, кои за Ацтеките претставувале пари. Како и Маите кои живееле порано, така и Ацтеките го пиеле горчливиот чоколаден напиток со зачини, бидејќи шеќерот бил земјоделски производ кој бил недостапен за древните Мезоамериканци. Пиењето на чоколадо бил важен дел од животот на Маите и Ацтеките.
Многу луѓе од општеството на Маите во Класичниот период, можеле да пијат чоколадо одвреме-навреме, иако се сметало дека тој напиток бил само за кралското семејство. Но, во општеството на Ацтеките, главните владетели, свештениците, одликуваните војници и почесните трговци можеле да се напијат од овој свет пијалак. Чоколадото играло важна улога во кралските и религиските настани кај Маите, како и кај Ацтеките. Свештениците ги принесувале какао семињата како дарови за боговите и служеле чоколадни пијалаци за време на свети церемонии. Сите области кои ги освоиле Ацтеките и кои одгледувале семиња од какао, морале да ги употребуваат за да плаќаат данок или „признание“ како што велеле Ацтеките. Пуебло луѓето, кои живееле во областа која денеска е јужно-западниот дел од САД, увезувале какао од Мезоамериканските култури во Јужно Мексико или Средна Америка во периодот помеѓу 900-1400 година. Семињата ги употребувале во секојдневни пијалаци кои ги пиеле сите во нивното општество.
До 16 век, ниту еден Европеец не слушнал за познатиот пијалак кој го подготвувале луѓето од Централна и Јужна Америка. Хосе де Акоста, шпански Езуитски мисионер, кој живеел во Перу и потоа во Мексико во доцниот 16 век за тоа напишал:„Грозно, за оние кои не се запознаени со тоа е како во устата да имаш нечиста пена со непријатен вкус. Сепак тоа е пијалак кој Индијанците многу го ценат, и ги гоштеваат сите благородни луѓе кои поминуваат во нивната земја. Шпанците, и мажите како и жените, кои се навикнати на нивната земја се многу алчни за ова чоколадо. Тие велат дека прават различни видови, некои жешки, некои ладни, некои умерени и ставаат многу од тоа „чили“, да, и од тоа прават тесто, за кое велат дека е добро за стомакот и се користи против катарх.“ Кристофер Колумбо донел семиња од какао за да им покаже на Фердинанд и Изабела од Шпанија дека шпанските калуѓери се оние кои го распространија низ Европа. Додека шпанците не ги освоија Ацтеките, чоколадото не беше увезувано во Европа а потоа за брзо време им стана омилено на кралската фамилија.
Првиот доказ за најголемата испорака до Европа за трговски цели беше испораката од Веракрус до Севиља во 1585 година. Уште се служеше како пијалак, но Европејците додаваа шеќер и млеко за да ја намалат горчината и го отстрануваа чилито, заменувајќи го со мексиканскиот зачин, ванила. Првата продавница за чоколадо беше отворена во Лондон, во 1657 година. Во 1689 година, познатиот физичар и колекционер Ханс Слоан, направи млечен чоколаден пијалак во Јамајка кој најпрво го употребуваа Ацтеките, но подоцна им го продаде на браќата Кадбери. Не е познато како зборот „чоколадо“ се пренесол во шпанскиот јазик. Можеби најцитираното објаснување е дека „чоколадо“ доаѓа од јазикот на Ацтеките, наватл, чии извори потекнуваат од нахуатскиот збор „xocolatl“, составен од зборовите „xococ“ (што значи кисело или горчливо) и „atl“ (што значи вода или пијалак). Секако, како што забележал Вилијам Брајт, зборот „cocolatl“ не настанал во централните колонијални извори во Мексико со што настанало ова необично потекло. Св. Марија ја дала етимологијата на јукатешкиот збор на Маите „chokol“, што значи жешко и нахуатскиот збор „atl“, што значи вода. Неодамна Дакин и Винчмен дадоа етимологија од нахуатски термин, „chicolatil“ од источен Нахуати, што значи „натапкан пијалак“. Тие го добиле овој термин од зборот за пенливо стапче, „chicoli“. Зборот xocoatl не се појавува во речникот на Молина.
Илјадници години, процесот за правење на чоколадо не се промени. Кога пристигна индустриската револуција, настанаа многу промени кои го донесоа тврдото, слатко колаче назад. Во 18 век, беа создадени механички мелници кои го истиснуваа путерот од какаото, кој придонесуваше за да се создаде тврдо и трајно чоколадо. Но, пред индутриската револуција овие мелници не се користеа многу. Не помина многу време откако револуцијата стивна и компаниите започнаа да го рекламираат овој нов изум за да ги продаваат чоколадни табли што ги гледаме денес. Кога се произведоа машините, луѓето низ светот започнаа да го искусуваат и користат чоколадото. Кон крајот на 18 век, првата форма на цврсто чоколадо ја создаде Дорет во Торино. Пјер Паул Кафарел создаде цврсто чоколадо во големи количини во 1826 година. Во 1819 година, Холанѓанецот Конрад Јоханес ван Хојтен создаде метод за вадење на маснотиите од семињата на какото и направи какао и какао путер во прав. Ван Хојтен исто така го разви и таканаречениот холандски процес за правење на чоколадо со алкали за да се отстрани горчливиот вкус. Ова го овозможи формирањето на чоколадни табли. Се верува дека Англичанецот Џозег Фрај ја направил првата чоколадна табла за јадење во 1847 година, а подоцна и браќата Кадбери во 1849 година.
Даниел Питер, шведски производител на свеќи, се приклучи кон чоколадниот бизнис на неговиот свекор. Во 1867 година тој започна да експериментира со млекото како состојка. Измисли нов производ, млечно чоколадо кое почна да се продава на пазарот во 1875 година. Неговиот сосед, поизводител на бебешка храна Хенри Несле му помогна да ја отстрани водата од млекото за да го спречи мувлосувањето на чоколадото. Родолф Линд го измисли процесот наречен соединување, кој вклучува загревање и фино мелење на цврстите чоколади за да се обезбеди дека течноста е подеднакво измешана. Со ова Милтон Хершеј можеше да го направи чоколадото попознато преку производство на достапни чоколадни табли.
Околку две-третини од какаото во светот се произведува во Западна Африка, а околу половина од вкупната количина се произведува во Брегот на Слоновата Коска. Како и многу други производители, самостојните какако фармери се изложени на милоста на променливите светски пазари. Во период од неколку години цената може да се менува од помеѓу 945 долари и 3.000 долари за тон. Додека инвеститорите кои тргуваат со какао можат да ги продадат акциите кога ќе посакаат, самостојните какао фармери не можат да го зголемат производството и да ги напуштат дрвјата. Само три до пет проценти од договорите „какао-хартии од вредност“ , тргуваа на какао пазарите и завршија со физичка испорака на какаото. Секоја година седум до девет пати повеќе какао се купува и продава на берзата која постои. Се потврдува дека околку 90% од фармите за какао на Брегот на Слоновата Коска употребувале еден вид на ропство за да се одржи производството. Кога паѓаат цените за какото, фармерите во Западна Африка ги намалуваат трошоците преку прибегнување кон ропство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.