Историски архив (Струмица)
историски архив во Струмица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Историскиот архив во Струмица е формиран во 1956 година, со назив Градски историски архив, а денес е одделение на Државниот архив на Република Македонија. Ова одделение работи во адаптирана зграда со читална, на ул. „27 Март“ бр. 2 во Струмица.[1] Територијалната надлежност на ова одделение е на Струмица, Берово, Ново Село, Пехчево, Василево, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.