Исманли
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исманли или Исмаили (грчки: Γάβρα, Гавра, до 1927 Ισμαϊλή, Исмаили)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Исманли Γάβρα | |
---|---|
Координати: 41°10′N 22°50′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 427
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 111 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 22 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 427 метри.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 10 семејства и 36 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 150 жители муслимани[4].
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 187 жители, додека во 1920 година 166 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека од селото се иселиле муслиманските жители[5].. Во 1926 година, селото било преименувано во Елезли.[6]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 110 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 262 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 213 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 228 жители, во 1971 година имало 44 жители, во 1981 година имало 30 жители, додека во 1991 година имало 94 жители[8]. Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 262 | 213 | 228 | 44 | 30 | 94 | 111 | — |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.