Инцест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инцест или родосквернавење е сексуален контакт помеѓу лица кои се наоѓаат во блиско сродство. Инцестот е забранет со закон или со обичаите. Овие забрани (и казни) имаат за цел да ја спречат и потиснат најсилната и најстарата човечка едипална желба - агресивноста кон таткото како соперник и инцестуозната желба кон мајката. Инцестот е универзална појава и универзален табу, меѓутоа постојат варијацијии во зависност од средината. Во основа, колку е поблиска роднинската врска, толку е понагласено табуто кое го забранува или осудува стапувањето во сексуални односи меѓу луѓето со крвно сродство.