Инвалидска количка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инвалидска количка, често скратено само количка, е стол со тркала, кој се користи при отежнато или неможност за одење поради болест, повреда или хендикеп. Инвалидските колички ги има во широк спектар, за да ги задоволат специфичните потреби на своите корисници. Тие може да вклучуваат адаптации специјализирани за седење, индивидуализирани контроли и може да бидат специфичнo определени за одредени активности, како што е случајот со спортски колички и инвалидски колички за на плажа. Нјголемата разлика е помеѓу инвалидски колички напојувани на струја ("powerchairs"), каде погонот е овозможен од страна на батерии и електрични мотори, и инвалидски колички за рачно управување, кои се движат со туркање нанапред од корисникот/патникот со рака ("самоодни"), или од придружник кој ја турка од позадина.