Имам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Имам (арапски: الإما, персиски: امام) — арапски збор за водач. Имам може да биде и водач на некое подрачје. Особено е значаен кај шиитите.[1] На почетокот на исламот, имам означувал калиф кај шиитите и сунитите - две постојни фракции на исламот. Најпознат е првиот, имамот Али, чиј гроб денес се наоѓа во Наџаф (Ирак), па е најсвето место за шиитите после Мека и Медина.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Зборот имам може да има неколку значења:[2]
- Муслимански свештеник чија главна должност е да ги предводи заедничките намази во џамијата (пет пати на ден). За време на молитвата, имамот застанува пред џематот и ја насочува молитвата. Го нарекуваат и џамиски имам. Доколку, покрај тоа, е задолжен за некои други верски служби за цело село (како подготовка на покојникот за погреб и сл.). тогаш тој се нарекува малски имам. Ако, од друга страна, тој е одговорен за такви должности за цел џемат (муслиманска верска општина) и покрај тоа води религиозни матични книги, тогаш се нарекува собраниски имам или имам-матичар.
- Имам е и името на секој верски образован човек, дури и ако не е свештеник, кој ја води колективната молитва, без разлика дали е во џамија, дома или на некое друго место.
- Титула на големите исламски научници: Имами-Газали, Имами-Азам, Имами-Малик итн. Во овој случај имам значи „лидер“
- Главното зрно на теспихот (бројаница), кое обично е подолго од другите, стои на врвот на бројаницата и редовно е украсено со китенка.