Измислена земја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Измислена земја е земја која што е измислена за белетристички приказни и не пости во стварноста. Измислени земји најчесто се појавуваат како сценарио во Филмови, литература или во видеоигри. Исто така тие можат да се употребат за технички причини во стварноста за употреба во развивање на спецификации, на пример измислената земја Книгодонија (Bookland), која што се употребува за да се одобри од ЕБА "држава" употребата на кодовите 978 и 979 како ISBN броеви кои се даваат на книги и кодот 977 како ISSN број на списанија. Исто така, ISO 3166-кодот на државата “ZZ” е резервирана како код на измислена земја, со што ниеден домен на интернет нема да има наставка “.zz”. Измислени земји се појавуваат во приказни од рана научна фантастика (или во научна романса). Вакви држави се наоѓаат во пределот на Земјата, но не можат да се најдат во атлас. Слични понови приказни често се сместени на измислени планети. Главниот лик на Џонатан Свифт, Лемуел Гуливер, посетил различни чудни места. Едгар Рајс Бурогс ги поставил доживувањата на Тарзан во подрачја во Африка коишто, во тоа време, останале воглавно непознати на Западот и Истокот. Изолирани острови со чудни суштества и/или обичаи биле многу популарни во времето кога овие автори твореле. До XIX век, кога истразувачи од Западот веќе го имале истражено поголемиот дел од Земјата, оваа можност била изгубена за западната култура. Така, измислените утописки и дистописки општеста се стационирале на други планети или во вселената, без разлика дали се работело за човечки колонии или вонземјани кои потекнуваат од друго место. Измислени земји исто така може да се употребуваат во приказни кои се случуваат во далечна иднина, со различни политички граници отколку денес. Стриповите со суперхерои и тајни агенти, како и некои трилери исто така употребуваат измислени земји на Земјата како основа. Повеќето од овие држави постојат само за една приказна, епизода од ТВ-серија или издание од стрип. Има значајни исклучоци, како на пример Latveria на Marvel Comics или пак Qurac и Bialya на DC Comics.