Игуасу (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Игуасу (португалски: Iguaçu; шпански: Iguazú)[2] е река во Бразил и Аргентина, важна притока на реката Парана. Долга е 1.320 км, и има речно подрачје од 62.000 км2.[3]
Игуасу Iguazú, Iguaçu | |
Река | |
Реката веднаш над водопадите Игуасу | |
Земји | Бразил, Аргентина |
---|---|
Дел од | слив на реката Парана |
Притоки | |
- леви | Негро, Хопим |
- десни | Ареја |
Градови | Куритиба, Кампо Ларго, Фоз до Игуасу |
Знаменитост | водопади Игуасу |
Извор | Морски Срт |
- место | кај Куритиба, Парана, Бразил |
- височина | 1.200 м |
- координати | 25°23′30″S 49°00′11″W |
Утока | Парана |
- местоположба | Фоз до Игуасу, покраина Мисионес и сој. држава Парана, аргентинско-бразилска граница |
- височина | 110 м |
- координати | 25°35′33″S 54°35′30″W [1] |
Должина | 1.320 км, исток-запад |
Слив | 62.000 км2 |
Истек | во водопади Игуасу |
- просечен | 1.746 м3/с |
- максимален | 12.799 м3/с |
- минимален | 200 м3/с |
Реката извира од крајбрежните планини на Морскиот Срт (Serra do Mar) во сојузната држава Парана, Бразил. Потоа тече 1.205 км низ државата Парана и се среќава со нејзината притока Сан Антонио. Оттука, па надолу, Игусу ја исцртува границата помеѓу Бразил и Аргентина (покраина Мисионес).[3] Продолжува на запад и се спушта од висорамнина, образувајќи ги познатите водопади на Игуасу. Водопадите влегуваат во два истоимени национални парка „Игуасу“, едниот во Аргентина, а другиот во Бразил. На крај се влева во поголемата река Парана, и тоа во тромеѓето на Аргентина, Бразил и Парагвај.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.