Игор Курчатов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Игор Василевич Курчатов (руски: И́горь Васи́льевич Курча́тов, 12 јануари 1903 година[1] - 7 февруари 1960 година) е советски јадрен физичар, којшто е широко познат и како раководител на Советскиот проект за атомска бомба. Заедно со Георгиј Фљоров и Андреј Сахаров, Курчатов е познат и наречен како „татко на советската атомска бомба” а тоа се должи на неговата предводечка улога во јадрената програма на Советскиот Сојуз, кога СССР дознава за напорите на Западните сојузници да произведат јадрено оружје, програма којашто е во тајност за време на Втората светска војна .По девет години тајно конструирање, Советскиот Сојуз успешно го тестираше своето прво јадрено оружје наречено Џо-1 во зоната за тестирање којашто се наоѓа во Семипалатинск, во 1949 година.Во 1954 година тој ја добива Државната награда на Советскиот Сојуз. Од 1940 година па наваму, Курчатов работеше и придонесе за унапредување на програмата за јадрено оружје, а подоцна се залагаше за мирен развој на јадрена технологија. Во 1950 година, Курчатов го даде својот придонес и во развитокот на водородната бомба заедно со Андреј Сахаров. Други остварени проекти на Курчатов се инсталација и развојот на првиот акцелераторот за забрзување на наелектризирани честички од страна на Советскиот Сојуз, уште наречен и циклотрон, отворање и изградба на атомската централа во Обнинск, првата комерцијална атомска централа исто така во Обнинск, комплетирање и пуштање на „Ленин“ - првиот брод на јадрен погон под негово раководство во 1959 година.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/02/Kurchatov_Poststamp.jpg/220px-Kurchatov_Poststamp.jpg)
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |