Иван Стамболиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Стамболиќ (Брезова близу Ивањица, 5 ноември 1936 година - Фрушка Гора, 25 август 2000 ) — југословенски и српски политичар, кој во 1970-тите и 1980-тите години ги извршувал највисоките државни и партиски функции, вклучувајќи ја и функцијата Претседател на Србија.
Иван Стамболиќ | |
---|---|
Иван Стамболиќ во 1986 година | |
Претседател на Претседателството на Србија | |
На должноста 5 мај 1986 – 14 декември 1987 | |
Претходник | Душан Чкребиќ |
Наследник | Петар Грачанин |
Претседател на Извршниот Совет на Србија | |
На должноста 6 мај 1978 – 5 мај 1982 | |
Претходник | Душан Чкребиќ |
Наследник | Бранислав Икониќ |
10-ти Претседател на Сојузот на комунистите на Србија | |
Претходник | Радиша Гачиќ |
Наследник | Слободан Милошевиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 ноември 1936(1936-11-05) Брезова, Кралство Југославија |
Починал(а) | 25 август 2000(2000-08-25) (возр. 63) Фрушка Гора, СР Југославија |
Почивалиште | Белград, Србија |
Националност | Србин |
Партија | Сојуз на комунистите на Југославија |
Сопружник | Катарина Живоиновиќ (в. 1962; негова смрт 2000) |
Деца | 3 |
Установа | Белградски универзитет |
Стамболиќ бил политички ментор на Слободан Милошевиќ и во голем дел бил одговорен за неговиот подем на власт. Милошевиќ за целата кариера бил наследник на ослободените функции кои Стамболиќ ги напуштал. По разидувањето со Милошевиќ поради национализмот во доцните 1980-ти Стамболиќ станал еден од неговите најголеми соперници.
Стамболиќ се смета дела бил голем поборник за компромис и меѓу-етничката толеранција.[1] Во август 2000 година тој бил киднапиран и убиен од страна на специјалната полиција на Милошевиќ.[2]