Претседател на Владата на Република Србија
шеф на владата на Србија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателот на Владата на Република Србија е на чело на Владата на Република Србија. Колоквијално се нарекува и премиер на Србија.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Ana_Brnabi%C4%87.jpg/200px-Ana_Brnabi%C4%87.jpg)
Сегашниот претседател на Владата на Република Србија е Ана Брнабиќ.
Претседателот на Владата ја води и насочува Владата, се грижи за единство на политичкото делување на Владата, ги свикува и води нејзините седници. Претседателот на Владата може на другите членови на Владата да им даде задолжителни упатства и посебни задолженија во склад со програмата и политиката на Владата. Пред изборот за тоа место, изложува експозе во Народното собрание во кое ги презентира целите и програмата на Владата. Мандатарот за состав на Владата на Србија, спрема Уставот на Србија, го предложува претседателот на Република Србија, после консултации со сите пратенички групи во Народното собрание.