![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Raising_a_flag_over_the_Reichstag.jpg/640px-Raising_a_flag_over_the_Reichstag.jpg&w=640&q=50)
Знаме на победата над Рајхстагот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на победата над Рајхстагот или Подигнување на знамето над Рајхстагот (руски: Знамя Победы над Рейхстагом) — иконична фотографија од Втората светска војна, направена за време на битката кај Берлин на 2 мај 1945 година. На неа е прикажан советски војник кој го крева знамето на Советскиот Сојуз над зградата на Рајхстагот. Фотографијата била препечатена во илјадници публикации и почнала да се смета ширум светот како една од најзначајните и најпрепознатливите слики од Втората светска војна. Поради тајноста на советските медиуми, честопати се оспорувал идентитетот на мажите на сликата, како и оној на фотографот Евгениј Калдеј. Фотографијата станала симбол на советската победа над нацистичка Германија.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Raising_a_flag_over_the_Reichstag.jpg/640px-Raising_a_flag_over_the_Reichstag.jpg)