Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка за Берлин — една од последните големи борби на територија на Европа во Втората светска војна. Битката се одвивала од последните денови на април до почетокот на мај 1945 година. Во битката учествувале околу 3.000.000 луѓе на двете страни. Силовитоста на Советската армија резултирала со капитулација на Германија, како и со самоубиство на Адолф Хитлер и неговите блиски соработници.
Битка за Берлин | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Источниот фронт во Втората светска војна | |||||||||
Бранденбуршката капија меѓу урнатините во Берлин, јуни 1945 |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
| Германија | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Прв белоруски фронт:
Втор белоруски фронт:
Прв украински фронт:
| Армиска група Висла:
Армиска група Центар:
Берлинско одбранбено подрачје: |
||||||||
Сила | |||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
На почеток на 1945 година состојбата на Источниот фронт од август 1944 година, била релативно мирна и стабилизирана. Германците ја имале загубено Будимпешта и најголемиот дел од Унгарија, Романија и Бугарија биле присилени да се предадат и да ѝ објават војна на Германија, а Полска била потполно отворена за операциите на советската Црвена армија.
По својата неактивност Варшавското востание, советската војска ја зазела Варшава во јануари 1945 година. Во тек на три дена, на широкиот советски фронт, Црвената армија започнала офанзива преку реката Нарев и од правец на Варшава. По четири дена советската армија го пробила германскиот фронт и започнала да го преминува по 40 километри на ден,ослободувајќи ги на тој начин балтичките држави, Гдањск, Источна Прусија, Познањ,со што се поставила на позициите источно од Берлин, по линијата на реката Одра.
Германија организирала контранапад со Армиската група Висла, под команда на Хајнрих Химлер, кој пропаднал на 24 февруари , а Русите навлегле во Померанија и го исчистиле десниот брег на реката Одра. Германскиот обид да се ослободи опколената Будимпешта и заповед на Хитлер повторно да се воспостави фронт по целата должина на реката Дунав бил потполно неуспешен. Обидот за контраофанзива траел до 16 март, по што Црвената армија извршила контранапад, а Советите на 30 март влегле во Австрија, освијувајќи ја Виена на 13 април 1945 година.
Овие воени операции имале огромен негативен учинок за Вермахтот кој останал со дванаесеттина од потребното гориво, со што било драстично намалено производството на авиони, тенкови и друго оружје. Германските трупи поттикнати од националната гордост, страв од последиците за предизвиканите злосторства, од сојузничкото инсистирање на безусловна капитулација и желбата да се добие во време за повлекување на запад, германските војници биле мотивирани на пружање силен отпор.
На ова придонела и одлуката на Адолф Хитлер, кој одлучил да остане во Берлин. Западните сојузници имале делумни планови да извршат падобрански десант и да го заземат Белин, но поради нејасни услови и можни големи губитоци Двајт Ајзенхауер сметал дека нема логика да се учествува во заземање на градот кој ќе биде под советската сфера на влијание по завршување на војната.
Офанзивата на советската Црвена армија во делот на Германија кој подоцна ќе биде дел од Советската сфера на влијание со поделба на Германија ќе ја создаде Источна Германија (Демократска Република Германија), всушност имала две цели: поради стравот дека западните сили нема да се држат до договорот за поделба на заземените територии и главната цел било заземање на Берлин како стратешка позиција, вклучувајќи и заземање на Хитлеровиот бункер. По заземањето на Кенигзберг на 9 април 1945 година, маршалот Константин Рокосовски кој командувал со Вториот белоруски фронт продолжил да напредува на запад кон реката Одра. Во тек на првите две недели на април Русите извршоле прераспределба на фронтот: Маршалот Георгиј Жуков го концентрирал својот Прв белоруски фронт до Одра, од Франкфурт на Одра на југ, до Балтикот, пред Зеловските Висови и се префрлил северно од Зеловските Висови. Во тоа распоредување Германската втора армија, која била опкружена во близина на Гдањск, успела да се префрли преку Одра. На југот, маршалот Иван Коњев го префрлил тежиштето на Првиот украински фронт од Горна Шлеска на северозапад на реката Ниса. Трите советски фронта имале армија од над 2,5 милиона љуѓе: 6.250 тенкови; 7.500 авиони; 41.600 артилериски орудија; 3.255 каќуши, (кои добиле прекар 'Оргулите на Сталин'); и 95.383 возила.
Одбранбените дејствија на германската војска му биле предадени на генералот Готхард Хајнрици кој на 20 март го заменил Химлер и кого го сметале за врвен дефанзивен татктичар. Тој проценил дека главниот удар на советската војска ќе биде преку реката Одра, па таму, за да одбегне големи губитоци поставил лесна одбрана. Неговите инженерски единици ги поставил на Зеловските Висови кои ја надвисувале реката на местото каде што била премостена со автопат. По топење на снегот рамницата била претворена во мочуриште со помош на германската војска, а зад неа биле формирани три прстени на одбрана и досегале до периферијата на Берлин. Овие одбранбени прстени биле сочинети од противтенковски ровови, противтенковски гнезда и широка мрежа ровови и бункери.
Битката започнала во раните утрински часови на 16 април со страотно бомбардирање од илјадници артилериски оружја, а пред зора напад извршил и Првиот белоруски фронт со големи сили, но бил пречекан од концентрираната главница на германските единици. Германските сили го избегнале уништувањето на своите трупи. Но со светлина на 143 рефлектори ја заслепувале одбраната, но поради дифузија на светлината во раните утрински часови силуетите биле видливи и нападот бил забавен и со мочуришното земјиште поради што Црвената армија имала огромни загуби. Жуков во напад уфрлил резервна војска, до раната вечер советската војска напредувала речиси 6 километри, но германската одбрана не била пробиена. На југ нападот одел според планот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.