Злетовска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Злетовска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Штипското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Злетово. Парохијата ги опфаќа селата: Злетово, Древено, Бунеш (заедно со историското село Глобица), Ратавица, Шталковица, Лесново (црквите во Лесново припаѓаат на Лесновскиот манастир кој е ставропигијален), Турско Рудари и Трипатанци.[1]