From Wikipedia, the free encyclopedia
I Зимски олимписки игри, познати и како Меѓународна недела на зимските спортови (француски: Semaine des Sports d'Hiver) се одржале од 25 јануари до 5 февруари 1924 година во Шамони, Франција, во рамките на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Париз. Спортските натпревари се одржувале во близина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри.
I Зимски олимписки игри - Шамони 1924 | |
Град домаќин | Шамони, Франција |
Број на држави | 16 |
Број на спортисти | 258 |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 16 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 5 февруари 1924 |
Стадион | |
Иако уметничкото лизгање било спорт, кој бил дел од Летните олимписки игри во Лондон и Антверпен и хокејот на мраз на игрите во Антверпен. Останатите зимски спортови се ограничени од годишното време, па отсекогаш се одржувале само на Зимските олимписки игри. На состанок на МОК во Лозана во 1921 година, било одлучено во 1924 во Шамони да се организира „меѓународна недела на зимските спортови“.
На церемонијатана свечено затворање на игрите, била доделена награда за спорт, кој не бил дел од игрите. Имено, Пјер де Кубертен му доделил награда за алпинизам на Шарл Гранвил Брус, кој предводел експедиција, која не успеала да се искачи на Монт Еверест во 1922 година.
Во 1925 година била донесена одлука од страна на МОК, секои 4 години и во иста година со Летните, да се одржуваат и Зимски олимписки игри. Оваа традиција траела до 1992 година.
Во 1974 година бил доделен последниот медал од игрите во Шамони во 1924 година. Андерс Хауген, кој дотогаш се водел како четвртопласиран во скијачки скокови, бил одликуван со бронзен медал. По 50 години, било утврдено дека е направена грешка во резултатот на Торлиф Хауг, кој погрешно го освоил бронзениот медал, па со промената се променил пласманот на овие двајца натпреварувачи.
Во 2006, МОК дополнително ги додели освоените медали во карлинг од игрите во 1924. Од страна на МОК беше одлучено дека спортот, официјално бил дел од програмата на игрите, откако во весникот Glasgow Herald истото било објавено во корист на семејствата на натпреварувалчите во карлинг.[1]
Меали биле доделени во 16 дисциплини во 7 спортови. Според многу извори, спортовите карлинг и воена патрола биле демонстративи. Сепак, во 1924 немало такво именување на спортовите. Во 2006, МОК донесе правилник, според кој спортот карлинг е дел од редовната програма и медалите осовоени во овој спорт се додаваат на емдалите освоени во другите спортови.
|
|
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● | Церемония открытия | ● | Квалификация соревнований | ● | Финалы соревнований | ● | Церемония закрытия |
На игрите учествувале спортисти од 16 земји.
Еден натпреварувач од Естонија бил пријавен за настап во брзо лизгање, но не се натпреварувал.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Норвешка | 4 | 7 | 6 | 17 |
2 | Финска | 4 | 4 | 3 | 11 |
3 | Австрија | 2 | 1 | 0 | 3 |
4 | Швајцарија | 2 | 0 | 1 | 3 |
5 | САД | 1 | 2 | 1 | 4 |
6 | Обединето Кралство | 1 | 1 | 2 | 4 |
7 | Шведска | 1 | 1 | 0 | 2 |
8 | Канада | 1 | 0 | 0 | 1 |
9 | Франција | 0 | 0 | 3 | 3 |
10 | Белгија | 0 | 0 | 1 | 1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.