![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5c/1924WOlympicPoster.jpg/640px-1924WOlympicPoster.jpg&w=640&q=50)
Зимски олимписки игри 1924
From Wikipedia, the free encyclopedia
I Зимски олимписки игри, познати и како Меѓународна недела на зимските спортови (француски: Semaine des Sports d'Hiver) се одржале од 25 јануари до 5 февруари 1924 година во Шамони, Франција, во рамките на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Париз. Спортските натпревари се одржувале во близина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри.
I Зимски олимписки игри - Шамони 1924 | |
![]() | |
---|---|
Град домаќин | Шамони, Франција |
Број на држави | 16 |
Број на спортисти | 258 |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 16 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 5 февруари 1924 |
Стадион | |
Иако уметничкото лизгање било спорт, кој бил дел од Летните олимписки игри во Лондон и Антверпен и хокејот на мраз на игрите во Антверпен. Останатите зимски спортови се ограничени од годишното време, па отсекогаш се одржувале само на Зимските олимписки игри. На состанок на МОК во Лозана во 1921 година, било одлучено во 1924 во Шамони да се организира „меѓународна недела на зимските спортови“.