From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелена салата или марула — умерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто се расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот.
Зелена салата | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Род: | Марула |
Вид: | Зелена салата |
Научен назив | |
Lactuca sativa L. | |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 55 kJ (13 kcal) |
2,2 г | |
Влакна | 1,1 г |
Масти | 0.2 г |
1,4 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (21 %) 166 μг |
Фолна кис. (Б9) | (18 %) 73 μг |
Витамин Ц | (5 %) 4 мг |
Витамин К | (97 %) 102 мг |
Минерали | |
Железо | (9 %) 1,2 мг |
Калиум | (5 %) 238 мг |
Други состојки | |
Вода | 96 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета. Растението е храна за ларви на некои Пеперутки.
Постојат шест општопризнаени сортни групи на зелена салата (марула), тука подредени по главообразба и стуктурата на листовите. Во рамките на секоја од овие сортни групи постојат стотици сорти на марули избрани по боја и облик на листот, како и по способност да стои подолго:
Некои марули (како кочанестата) се особено одгледани на начин на кој им се отфрлила горчината од листовите. Овие имаат голем процент на вода и мала хранливост. Погорките и попигментираните марули содржат антиоксиданси.
Марулата какошто ја знаеме денес започнала како коров по средоземјето. Се служи како храна повеќе од 4500 години, и се јавува низ историјата како на слики во египетски гробници, и во разликувањето на разните видови марула во делата на старогрчките научници. Кристофер Колумбо ја донел марулата во Америка, а со тоа подоцна истата почнала да се одгледува и во САД.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.