Салата
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Салата е еден вид на храна која обично се јаде како гарнир со главно јадење а ретко самостојно (на пример, овошна салата). Салата често се прави од сиров зеленчук.[1][2] Може да се додадат тестенини, варено месо, сирење, мајонез, разни преливи и слично. Во некои салати се додава и овошје, на пример јаболки сецкани во коцки. Овошна салата е еден вид на десерт салата во која главните состојки се различни видови на овошје.
Салата е обично зачинета со масло и сирење, со додавање на сол, црн пипер и лимонов сок. Сезонските салати се направени од свеж зеленчук за тоа време од годината. Салатите имаат хранлива вредност, и содржат витамини и минерали. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна.
Главната поделба на салата е зимна и летна. Летни салати се: салата од свежи краставици, зелена салата, салата од домати, пиперки и кромид и сл. Зимски салати се: салата од >кисела зелка, салата од цвекло, туршија, кисели краставици итн.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.