Зелена линија (Кипар)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тампон зоната на Обединетите нации на Кипар позната и како Зелена линија ( грчки: Πράσινη Γραμμή; турски: Yeşil Hat ) е демилитаризирана зона, по која патролираат Мировните сили на Обединетите нации на Кипар (UNFICYP). Основана била во 1964 година, а по турската инвазија на Кипар и прекинот на огнот од 16 август 1974 година била продолжена. Линијата островот го дели на област под контрола на Република Кипар (со исклучок на областите на британската суверена база) и претежно непризнатата Турска Република Северен Кипар. Зелената линија е со вкупна должина од 180 км од Паралимни на исток до Като Пиргос на запад, а посебен дел ја опкружува Кокина. Вкупната површина на демилитизараната зона има површина од 346 км2, а нејзината ширина варира од 20 м до над 7 км.[1] [2] [3]
Тампон зона на Обединетите нации на Кипар | |
Тампон зоната во Никозија` | |
Вид | Демилитаризирана зона |
---|
Линијата на поделба се нарекува и Линија Атила, [4] наречена по воената интервенција на Турција во 1974 година, со кодно име Операција Атила. Турската војска на северната страна од зоната изградила бариера, која претежно се состои од бодликава жица, бетонски ѕидови, караули, противтенковски ровови и мински полиња. Зоната поминува низ центарот на Никозија, и го дели градот на јужен и северен дел. По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Никозија е единствен поделен главен град во Европа.[5] [6]
Во самата зона живеат околу 10.000 луѓе кои претежно го обработуваат земјиштето сместено во зоната; селото Пила е познато по тоа што е една од ретките населби на Кипар каде кипарските Грци и Турците сè уште живеат заедно. Други такви села се Денеја, Атиеноу и Трулои. Некои области поради отсуството на човечки фактор станале природен резерват за флората и фауната.[2]