За природата на боговите
From Wikipedia, the free encyclopedia
За природата на боговите (лат. De Natura Deorum) е дело на римскиот говорник Цицерон, напишано во 45 п.н.е. Делото е поделено на три „книги“, кои ја обработуваат теологијата на различни римски и старогрчки филозофи. Книгата особено се задржува на критички осврт кон стоичката и епикурејската теологија.
Делото расправа и за веројатноста и случајноста, и истата се смета за извор на теоремата на неуморниот мајмун, каде во едно големо множество на случајни настани може да се пронајде навидум голем поредок.