книга од Библијата From Wikipedia, the free encyclopedia
„Книгата на пророкот Захарија“ — книга од Стариот завет.
Во втората година од владеењето на царот Дариј, пророкот Захарија му се обраќа на народот, пренесувајќи ги божјите зборови. Тој гледа ангел со коњи, а тоа означува дека Бог е гневен на Израилот поради злото што го вршат луѓето. Затоа, Господ го повикува народот да се покае, ветувајќи дека го избрал Сион за својот дом. Захарија го гледа и Големиот архиереј Исус кој ќе им суди на народите, а Зоровавел ќе го изгради храмот божји во Ерусалим. Подоцна, во чевртата година од владеењето на царот Дариј, Захарија повторно пророкува, велејќи дека Израилот е казнет поради непослушноста кон Бога, кој ќе се смилува и ќе го обнови Ерусалим, а раселените Израилци ќе ги врати од Асирија и Египет во татковината и ќе ги благослови, а сите други народи ќе доаѓаат во Ерусалим за да му се помолат на Бога. Претходно, Господ ќе ги уништи Тир, Сидон, Дамаск, Газа, Филистејците и другите непријатели на Израилот. Исто така, пророкот Захарија го најавува денот божји и обновувањето на славата на Ерусалим, кога Господ ќе ги истреби идолите и лажните пророци при што, исто така, два дела од народот ќе бидат истребени, а третиот дел ќе биде прочистен и прифатен од Бога. Тогаш, сите народи ќе дојдат во Ерусалим каде што ќе бидат прифатени од Бога.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.